Земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди реонот југоисточно од Токио. Нема информации за човечки жртви или материјална штета.
Засега не е издадено предупредување за појава на цунами од Пацифичкиот центар на Хаваите.
Земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди реонот југоисточно од Токио. Нема информации за човечки жртви или материјална штета.
Засега не е издадено предупредување за појава на цунами од Пацифичкиот центар на Хаваите.
Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа во Њујорк за состојбата во Сирија.
Гувернерот на Северна Каролина прогласи вонредна состојба во градот Шарлот каде што продолжија судирите меѓу полицијата и демонстрантите поради убиството на афроамерикански цивил. Во демонстрациите е сериозно повредено едно лице и 16 полицајци. Нападнати биле и новинарски екипи.
Нордиските земји бараат Унгарија да ги прифати барателите на азил во рамките на Договорот од Даблин. Данска, Финска, Шведска и Исланд очекуваат Европската комисија да преземе соодветни мерки со кои ќе се обврзе Унгарија да ги земе на своја територија лицата кои таму се пријавиле прв пат.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик е во посета на Москва да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Американската сојузна држава Тексас се повлекува од програмата на Агенцијата за преселување на бегалците. Причина за оваа одлука е зачувување на безбедноста во период на неконтролираниот бегалски бран од Сирија.
Гувернерот на Северна Каролина прогласи вонредна состојба во градот Шарлот, каде што продолжија судирите меѓу полицијата и демонстрантите поради убиството на афроамерикански цивил.
Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон минатиот месец дневно трошела 645.000 долари повеќе од нејзиниот ривал од Републиканската партија Доналд Трамп, покажуваат нивните финансиски извештаи.
Дванаесет полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во американскиот град Шарлот, Северна Каролина, кои протестирале поради убиството на уште еден Афроамериканец. Демонстрантите демолирале и полициско возило.
ЕУ воведе законски мерки против сите поддржувачи на Исламска држава и на Ал Каеда. Меѓу нив се и забрана за движење и замрзнување на имотот на осомничените лица или членовите на терористичките организации.