Бомбаш самоубиец уби најмалку 20 луѓе на свадба во североисточна Сирија.
Меѓу загинатите е и младоженецот, кој бил член на Сириските демократски сили, арапско-курдската коалиција што се бори против џихадистите од Исламска држава.
Бомбаш самоубиец уби најмалку 20 луѓе на свадба во североисточна Сирија.
Меѓу загинатите е и младоженецот, кој бил член на Сириските демократски сили, арапско-курдската коалиција што се бори против џихадистите од Исламска држава.
Товарот од глобалната бегалска криза е неправедно распределен, бидејќи мнозинство бегалци се наоѓаат во едвај 10 земји, предупредуваат хуманитарни организации.
Тие ги повикаа богатите земји во најскоро време да најдат решение за кризата.
Грчката полиција со солзавец ги растеруваше неколкуте илјади пензионери кои што денеска излегоа на протест во главниот град насочен против новото намалување на пензиите и реформите во пензискиот систем.
Со објавувањето на Нобеловата награда за медицина во Стокхолм почна Нобеловата недела.
Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера стотиците пензионери кои протестираа поради мерките за штедење и намалување на пензиите.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја критикува ЕУ бидејќи не го исполнила ветувањето за помош од три милијарди евра, согласно со договорот меѓу Анкара и Брисел за спречување на бегалскиот бран.
Германија одбележува 26 години од обединувањето. На 3-ти октомври 1990-та година пет провинции од поранешната Демократска Република Германија влегоа во составот на Сојузна Република Германија.
Европската унија предложи нов хуманитарен план за сирискиот град Алепо.
Во соработка со Обединетите нации, земјите-членки побараа учество од сите страни во судирот, за да се достави помош во делот под опсада од градот.
Стотици луѓе се подготвуваат за евакуација од американската поморска база во заливот Гвантанамо поради ураганот „Метју“ кој се приближува кон Куба, Хаити и Јамајка.
Холандски новинар бил убиен во Либија, додека известувал за офанзивата на владините сили против џихадистите од групата исламска држава (ИД) во градот Сирт, кој важи за главно упориште на екстремистите во земјата и се наоѓа на 450 километри источно од Триполи.