Бразилската Влада го отповика амбасадорот во Венецуела за консултации. Каракас го осуди отстранувањето од функција на претседателката Дилма Русеф, нагласувајќи дека станува збор за „парламентарен пуч“.
-
Свет 01.09.2016 11:45
-
Свет 01.09.2016 10:43
Трамп во Мексико ја бранеше идејата за изградба на ѕид
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја бранел идејата за изградба ѕид на границата меѓу Мексико и САД, за време на неговата средба со мексиканскиот претседател Пена Њето.
-
Свет 01.09.2016 10:26
Мини реконструкција на турската влада
Сулејман Сојлу е избран за нов министер за внатрешни работи на Турција. По оставката на неговиот претходник Ефкан Ала, Сојлу ја напушти функцијата министер за труд и социјална заштита и застана на чело на полицијата.
-
Свет 31.08.2016 16:56
Брегизт ја бранува Британија
Британската влада денеска одржува прва седница по летниот одмор, околу заедничкиот договор за пристапот на Лондон кон Брисел во преговорите за заминување од Европската Унија.
-
Свет 31.08.2016 15:19
САД и Куба ги реактивираа комерцијалните летови
По повеќе од половина век, САД и Куба ги реактивираа комерцијалните летови. Првиот авион полета од Флорида и се упати кон „Санта Клара“ на Куба.
Новата ера во воздухопловниот сообраќај меѓу двете земји кој беше прекинат за време на Студената војна продолжува со 400 летови неделно.
-
Свет 31.08.2016 14:01
Лажна тревога на аеродромот во Франкфурт
Германската полиција не нашла сомнителен предмет кај патникот на аеродромот во Франкфурт што беше делумно евакуиран поради патник кој не минал низ нецелосна проверка во безбедносниот систем. Летовите се реактивирани, а патникот е на полициски распит.
-
Свет 31.08.2016 13:58
САД потврдија дека го извеле нападот, но не и дека го убија портпаролот на ИД
САД потврдија дека го извеле воздушниот напад чија цел бил портпаролот на Исламска држава, Ал Аднани, но не и дека го убиле.
Агенција на Исламска држава објави дека Аднани бил убиен додека ги надгледувал операциите против воената кампања во Алепо.
-
Свет 31.08.2016 12:50
Лондон: Состанок околу преговорите со ЕУ за Брезгит
Британската влада денеска ќе одржи прва седница по летниот одмор, околу заедничкиот договор за пристапот на Лондон кон Брисел во преговорите за заминување од Европската унија.
-
Свет 31.08.2016 12:29
Меркел: Реагиравме предоцна за бегалската криза
Канцеларката Ангела Меркел призна дека Германија реагирала предоцна и покрај многубројните докази за бегалска криза.
Во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“, Меркел изјави дека проблемот им го препуштила на Шпанија и на другите земји да се справуваат со нив.
-
Свет 31.08.2016 11:45
Евакуирани терминали и одложени летови на аеродромот во Франкфурт
Поради пробивањето на безбедноста на аеродромот во Франкфурт беа одложени повеќе летови.
Делови од Терминалот 1 се евакуирани откако патник влегол во ограничената зона, без претходно во цлеост да ја мине безбедносната проверка на еден од најпрометните аеродроми во Европа.










