Бројот на загинатите од поплавите во американската држава Луизијана се искачи на десетмина. Евакуирани се над 30.000 жители, а оштетени се 40.000 домови.
„Се обидуваме да си помогнеме едни на други. Се превезуваме со ист брод на безбедно.“
Бројот на загинатите од поплавите во американската држава Луизијана се искачи на десетмина. Евакуирани се над 30.000 жители, а оштетени се 40.000 домови.
„Се обидуваме да си помогнеме едни на други. Се превезуваме со ист брод на безбедно.“
Бразилскиот Федерален врховен суд дозволи да почне истрага против претседателката на Бразил Дилма Русеф и поранешниот претседател Луиз Инасио Лула Да Силва поради наводно попречување на истрагата за корупција, која се водеше против националниот нафтен гигант „Петробраз“.
Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Косово по еднодневната посета на Белград каде што се сретна со највисоките српски државни претставници. На аеродромот во Приштина тој беше пречекан од косовскиот претседател Хашим Тачи и неговата сопруга.
Пожарот што избувна вчера источно од Лос Анџелес и поради кој беше пренасочено движењето по дел од автопатот што го поврзува градот со Лас Вегас, се шири со голема брзина.
Бројката на загинатите во катастрофалните поплави во американската држава Луизијана се искачи на десет лица.
Од зоната на катастрофата евакуирани се над 30 000 жители, а оштетени се 40 000 домови.
Голема акција на турската полиција во зградата на судската палата во квартот Картал во Истанбул, во рамки на истрагата против организацијата на Фетула Ѓулен, која властите ја обвинуваат за обидот за пуч.
Вооружена група киднапираше туристи во ресторан во срцето на пацифичкиот туристички центар Пуерто Ваљарта, Мексико- соопштија од кабинетот на државниот обвинител. Нема официјални информации за бројот на киднапирани, но локалните медиуми јавуваат за 16 луѓе.
Њујоршката полиција го уапси 35-годишниот Оскар Морел и го осомничи за убиството на двете лица во Њујорк, меѓу кои и локалниот имам.
Полицијата во американскиот град Милвоки прогласи полициски час и побара од населението ограничувањата да се сфатат сериозно.
Полицискиот час што стапи на сила вчера ќе трае до 31 август. Шефот на полицијата изјави дека ноќта минала мирно за разлика од викендот.
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска ќе ги посети Белград и Приштина кадешто ќе разговора со српскиот и со косовскиот државен врв.