Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман изјави дека 27-годишен Сириец ја предизвикал експлозијата во ресторанот во Ансбах. Тој загинал, а повредил 12-мина, од кои тројца се во критична состојба.
-
Свет 25.07.2016 10:30
-
Свет 20.07.2016 11:48
Доналд Трамп и официјално претседателски кандидат на Републиканската партија
По гласањето на делегатите од сите американски сојузни држави на вториот ден од Републиканската конвенција во Кливленд, Охајо, Доналд Трамп лесно ги доби потребните 1.237 гласови за освојување на номинацијата за претседателски кандидат.
-
Свет 19.07.2016 10:42
Прв ден од конвенцијата на Републиканците, силна поддршка за Трамп
Безбедноста на Соединетите Американски Држави беше главна тема на првиот ден од конвенцијата на Републиканската партија во Кливленд, Охајо.
-
Свет 08.07.2016 16:11
Снајперисти убија петмина полицајци во Далас
Најмалку петтмина убиени и шестмина ранети полицајци во најсмртоносниот напад врз полицијата во САД по терористичките напади на 11-ти септември 2001-та. Двајца од ранетите полицајци се во критична состојба. По тричасовна престрелка, напаѓачот активирал бомба и загинал.
-
Свет 05.07.2016 18:31
Проширувањето на НАТО останува отворено прашање
Денеска Европа се соочува со тројна закана од исток, од југ и внатрешно. Масовен прилив на бегалци, тероризам и несигурна иднина на САД во НАТО. Сето ова се заканува да го разурне европското и евроатланското единство, оценуваат американски експерти пред самитот на Алијансата во Варшава.
-
Свет 04.07.2016 15:00
Оставка на Најџел Фараж од лидерската функција во УКИП
Лидерот на антиевропската Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП), Најџел Фараж. соопшти денеска во Лондон дека се повлекува од функцијата.
-
Свет 01.07.2016 12:26
Перу: 48 деца починаа од студ, најпогоден регионот Пуно
48 деца починаа од воспаление на белите дробови и респираторни заболувања поради екстремно ниските температури на Андите во Перу. Децата се на возраст под 5 години.
-
Свет 01.07.2016 12:03
Во контејнери со овошје запленети 11 тони кокаин
Италијанската, колумбиската и американската полиција запленија 11 тони кокаин и уапсија 33 лица од криминална мрежа која преработувала наркотици во колумбиската џунгла и ги шверцувала во контејнери со овошје.
-
Свет 01.07.2016 11:57
Приведени уште 11 осомничени за нападот на „Ататурк“
Турската полиција приведе 11 странци, за кои постои сомневање дека се членови на огранок на Исламска држава во Истанбул и се поврзани со терористите самоубијци, кои го извршија тројниот самоубиствен напад на аеродромот „Ататурк“, јавуваат турски медиуми.
-
Свет 01.07.2016 11:27
Словачка го презема претседателството во Советот на ЕУ
Словачка од денеска го презема своето прво претседателство во Советот на ЕУ, една од трите главни институции на Европската Унија, кој се уште ги претставува сите 28 земји-членки.









