Грчкиот премиер Ципрас во еднодневна посета на Софија на заедничката седница на грчката и на бугарската влада. Ќе има тет-а-тет средби со бугарскиот колега, Борисов, и со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.
-
Свет 01.08.2016 13:22
-
Свет 01.08.2016 13:04
Турција: Уапсени 9 лица за нападот во хотелот во Мармарис
Турските власти соопштија дека при операција во околината на туристичкото место мармарис на турскиот брег на Егејското Море биле уапсени девет лица, осомничени дека се дел од групата која изврши напад врз истоимениот хотел, во којшто претседателот Ердоган беше на одмор за време на обидот за воен
-
Свет 01.08.2016 12:14
Војската го презеде чувањето на амбасадите во Виена
Австриската армија го презеде чувањето на странските дипломатски претставништва и сличните установи во Виена. Вооружените сили ќе се грижат за безбедноста на 24 објекти во шест виенски окрузи.
-
Свет 01.08.2016 12:08
Напад на хотел во Кабул, убиени тројца напаѓачи и еден полицаец
Тројца бомбаши-самоубијци и еден полицаец се убиени во синоќешниот напад и во престрелката во хотелот „Норт Гејт“ во Кабул.
Според авганистанската полиција во престрелката биле повредени уште тројца полицајци.
Одговорноста за нападот ја презеле талибанците.
-
Свет 01.08.2016 11:00
Турција: Уапсени 9 лица за нападот во хотелот во Мармарис
Турските власти соопштија дека при операција во околината на туристичкото место Мармарис на турскиот брег на Егејското Море биле уапсени девет лица, осомничени дека се дел од групата која изврши напад врз истоимениот хотел, во којшто претседателот Ердоган беше на одмор за време на обидот за воен
-
Свет 01.08.2016 10:41
Се предадоа сите напаѓачи од полициската станица во Ереван
Сите 20 напаѓачи, кои речиси две недели беа забарикадирани во полициската станица во Ереван им се предале на властите. Претходно ги ослободиле и последните двајца заложници, откако синоќа биле одржани нови протести.
-
Свет 29.07.2016 15:37
Српско- хрватска дипломатска војна на протестни ноти
По ланската српско- хрватска царинска војна и јунската хрватска блокада на српските ЕУ интеграции, деновиве меѓу двете држави се разви интензивна дипломатска кавга со бројни протестни ноти и остра реторика.
-
Свет 29.07.2016 14:37
Ново пукање во САД, убиен еден полицаец
Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во пукање што се случило за време на сообраќајна контрола во Сан Диего. По инцидентот притворен бил еден маж од латиноамериканско потекло.
-
Свет 29.07.2016 12:53
Валс планира да забрани странски финансии за изградба на џамии во Франција
Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека е отворен за привремена забрана на странско финансирање за изградба на џамии, по серијата напади во Франција, за кои одговороста ја презедоа џихадистите.
-
Свет 29.07.2016 10:30
Хилари Клинтон официјално ја прифати номинацијата на Демократската партија за претседател на САД
Хилари Клинтон официјално ја прифати номинацијата на Демократската партија за претседател на Соединетите Американски Држави.










