Германската амбасада во Анкара и генералниот конзулат на земјата, како и германското училиште во Истанбул денеска се затворени заради терористичка закана.
Германија во вторникот ги предупреди своите државјани во Анкара за „можен напад“.
Германската амбасада во Анкара и генералниот конзулат на земјата, како и германското училиште во Истанбул денеска се затворени заради терористичка закана.
Германија во вторникот ги предупреди своите државјани во Анкара за „можен напад“.
Екстремистичката група „Јастребите на слободата на Курдистан“, ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица.
Пакистански мигранти и баратели на азил одржаа протест на грчкиот остров Лезбос поради депортацијата во Турција.
Шефот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер изјави дека верува оти Европската Унија би можела да постигне договор со Анкара за надминување на мигрантската криза во пресрет на денешниот Самит во Брисел по тоа прашање, но оцени дека Турција моментално не е подготвена да се приклучи кон ЕУ.
17 рудари, кои се сметаа за исчезнати, се пронајдени мртви во масовна гробница во близина на местото каде исчезнале. Венецуелските власти тврдат дека масовното убиство во југоисточната држава Боливар е резултат на конфликтот за контрола врз импровизираниот рудник за злато.
Шверцерите на луѓе продолжуваат да превезуваат мигранти од Турција за Грција, менувајќи ги маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО, поради што приливот на мигранти кон грчките острови воопшто не е прекинат.
САД воведоа нови санкции против Северна Кореја по претходна наредба на претседателот Обама.
Казнените мерки се одговор на нуклеарната проба што Северна Кореја ја изврши на 6 јануари и истрелувањето балистичка ракета на 7 февруари.
Бегалската криза во Европа ќе трае подолго, предвидува новоназначениот Висок Комесар за бегалци на Обединетите нации, Филипо Гранди. Сирија ја напуштиле околу 12 милиони луѓе, што е половина од населението на оваа држава.
Шефовите на држави и влади на земјите-членки на Европската Унија, денеска и утре во Брисел ќе одржат Самит посветен на бегалската криза.
Алжирецот Белкаид Мохамед е осомничениот терорист, кој беше застрелан во вчерашната операција на полицијата во Брисел, соопшти денеска белгиското Јавно обвинителството, додавајќи дека тој илегално престојувал во Белгија.