Белгиските медиуми ја повлекоа веста што утрово ја објавија, дека во Андрлехт е уапсен третиот осомничен за нападите во Брисел, идентификуван како Наџим Лахрауи.
-
Свет 23.03.2016 13:07
-
Свет 23.03.2016 11:56
Брисел: Уапсен и третиот осомничен за нападите
Белгиската полиција го уапси Наџим Лахрауи, третиот и единствен преживеан осомичен напаѓач во вчерашните терористички напади во Брисел. Лахрауи е 24-годишен белгиски државјанин, кој во Европа се вратил од Сирија во 2015 година.
-
Свет 23.03.2016 10:31
Нападите во Брисел нема да бидат последни
Терористичките напади во Брисел, нема да бидат последни, но тешко е да се предвиди каде и кога ќе се случи следниот напад, оценува американскиот генерал Мајкл Дуби, поранешен Командант на Националната Гарда на Вермонт.
-
Свет 23.03.2016 10:22
Брисел: Идентификувани двајцата бомбаши самоубијци
Двајцата бомбаши самоубијци кои го изведоа нападот на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќа по име Ел Бакарауи. Тие претходно и биле познати на полицијата. Властите и натаму трагаат по третиот осомничен.
-
Свет 23.03.2016 08:45
Зголемени мерки за безбедност во Брисел
Брисел е под опсада по терористичките напади во кои загина најмалку 31 лице, а ранети беа 230.
-
Свет 22.03.2016 17:31
Објавени фотографиите на осомничените за нападите во Брисел
Белгиските медиуми објавија фотографија од двајца мажи, кои се осомничени дека го извршиле бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел. Засега не е соопштен нивниот идентитет.
-
Свет 22.03.2016 16:35
Двајца мигранти се самозапалија во кампот кај Сехово
Двајца мажи - мигранти изутринава се самозапалиле во импровизираниот камп во Сехово, во знак на протест поради затворањето на македонско-грчката граница.
За кратко време, останатите успеале да ги изгаснат нивните тела пред да им биде предизвикана поголема штета или повреди.
-
Свет 22.03.2016 16:00
Терористите удрија во центарот на Европа
Во Брисел се повтори париското сценарио. Терористите на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за крвавиот напад, активираа неколку самоубиствени бомби во аеродромот „Завентем“ и во метрото во населбата Маалбек.
-
Свет 22.03.2016 15:14
Реакции по терористичките напади: Европа е во воена состојба
„Дами и господа, се случи она што стравувавме. Нашата земја и народ беа погодени од терористички напад на насилен и кукавички начин“- рече белгискиот премиер Чарсл Мајкл.
-
Свет 22.03.2016 13:37
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Брисел
Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападите во Брисел, пренесуваат медиумските агенции.
Во трите експлозии кои изутрината одекнаа во Брисел загинаа најмалку 26 луѓе, а ранети се повеќе од 130, јавија белгиски медиуми.










