Турскиот премиер Давутоглу изјави дека сирискиот режим директно е одговорен за нападот во Анкара во кој загинаа 28 лица, а 60 беа повредени. Тој истакна дека 26 од загинатите се војници, како и дека поради инцидентот се уапсени деветмина.
-
Свет 18.02.2016 11:58
-
Свет 18.02.2016 11:30
Иранските банки повторно во светскиот банкарски систем
Иранските банки почнаа повторно да се поврзуваат во меѓународниот платежен систем познат како „Свифт“.
Со тоа за прв пат по четири години се воспостави прекуграничен трансфер на средства.
-
Свет 18.02.2016 10:40
Претседателот Барак Обама идниот месец ќе ја посети Куба
Политички и дипломатски извори во Вашингтон за Си-Ен-Ен изјавија дека американскиот претседател Барак Обама наредниот месец ќе ја посети Куба.
Засега нема официјална потврда на информацијата, но се очекува таа да биде потврдена подоцна денеска.
-
Свет 18.02.2016 10:38
Европскиот совет ќе расправа за „Брексит“ и бегалската криза
Денеска попладне Eвропскиот совет ќе расправа за „Брексит“, новиот термин што ја притиска ЕУ. Лондон со најавениот референдум за напуштање на Унијата, побара нови посебни правила да важат за Обединетото Кралство.
-
Свет 18.02.2016 10:04
Ердоган: Турција ќе го употреби своето право на одбрана
Турскиот претседател Ердоган изјави дека Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад со автомобил бомба врз автобуси на Армијата во центарот на Анкара, во кој загинаа најмалку 28 лица, а над 60 беа ранети.
-
Свет 17.02.2016 15:41
СЗО: Планот за сузбивање на вирусот Зика тежи 56 милиони долари
СЗО објави план за сузбување на вирусот Зика, кој вреди 56 милиони долари. Опфаќа зајакнување на надзорот на ширењето, контрола на комарците и брзи истражувања за производството на вакцината. Организацијата ќе учествува со 25 милиони долари.
-
Свет 17.02.2016 11:46
Советот за безбедност со критики до Турција
Советот за безбедност на Обединетите Нации со критики до Турција поради гранатирањата на северниот дел на Сирија.
-
Свет 17.02.2016 11:34
Се возобновува авиосообраќајот меѓу САД и Куба
По пет децении САД и Куба потпишаа договор за обновување на комерцијалните летови меѓу двете земји.
Американскиот секретар за сообраќај, Фокс соопшти дека има барање секојдневно да се реализираат по 110 летови, а досега во функција беа само чартер летовите.
-
Свет 17.02.2016 10:36
Нова стратегија на САД против насилниот екстремизам
Новата американска иницијатива за борба против насилниот екстремизам предвидува достапност до моделите за справување со радикализацијата на сите партнери од антитерористичката коалиција. Поддршка на мрежата на безбедни градови во светот што се борат против екстремизмот.
-
Свет 16.02.2016 14:17
Русија ги отфрли обвинувањата за воено злосторство во Сирија
Кремљ ги отфрли обвинувањата на Турција дека Русија извршила воено злостроство во Сирија, откако од ракети беа погодени медицински центри и училишта, при што беа убиени педесетина лица.










