Одлуката на Белгија да ја врати привремената контрола на границата со Франција е „апсолутно нормална“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во интервјуто за Радио „Јуроп“.
-
Свет 24.02.2016 13:17
-
Свет 24.02.2016 12:03
Во авионска несреќа во Непал 23 загинати
Нема преживеани патници во авионот Тара Ер, кој беше исчезнат во централниот дел на Непал. Полицијата соопшти дека во леталото имало 23-цата патници и членови на екипажот, меѓунив двајца странци и две деца. Остатоците од леталото се најдени во планинскиот регион Миагди.
-
Свет 24.02.2016 10:23
Затегната изборна трка во САД
Водечкиот кандидат на републиканската партија Доналд Трамп има најмногу, 68 делегати за номинација за претседателски кандидат. На прелиминарните избори во Невада очекува нова значајна победа.
-
Свет 23.02.2016 17:01
Смртна закана за Борисов
Смртна закана за бугарскиот премиер, Бојко Борисов. На адресата на владата во Софија стигнало писмо со фотографија, куршум и заканувачка порака за Борисов.
-
Свет 23.02.2016 15:34
Холандија: Воз излета од шините, еден загиант
Патнички воз излета од шините во холандскиот град Далфсен, откако на железничката пруга се удрил во кран.
Во несреќата која се случи утрово има најмалку еден загинат, а десетици се повредени. Од јачината на ударот возот се превртел во полето крај пругата.
-
Свет 23.02.2016 14:27
Сирија: Избори на 13-ти април, опозицијата прифати спогодба
Претседателот на Сирија, Башар ал Асад распиша парламентарни избори на 13-ти април. Главната сириска опозиција ја прифати спогодбата за прекин на непријателството. Договорено е позитивно да одговорат на меѓународните напори за да се дојде до мировна спогодба.
-
Свет 23.02.2016 12:12
Оланд ги призна нуклеарните тестови во Полинезија
Франција презема одговорност за штетите што ги предизвикала во Полинезија со своите нуклеарни проби, изјави претседателот Франсоа Оланд.
-
Свет 23.02.2016 10:41
Бомбардирањето на камп на ИД во Либија, спречи напад во Тунис
Американското министерство за одбрана изрази увереност дека бомбардирањето врз камп за обука на Исламска држава во либија веројатно спречило напад на ИСИС во Тунис.
Неколку десетици екстримисти, меѓу кои и државјанин на Тунис се убиени во воздушниот напад во претходната недела.
-
Свет 23.02.2016 10:35
Обама бара од Конгресот 1,9 милијарди долари за борба против вирусот „Зика“
Барак Обама побара од Конгресот да се одобрат 1,9 милијарди долари за да се спречи ширењето на вирусот „Зика“ во САД и во Јужна Америка.
Побара и флексибилно користење на средствата останати од Фондот за борба против Еболата во 2014-та.
-
Свет 22.02.2016 17:38
Падот на Шенгенот- 470 милијарди евра
Колапсот на безвизната шенген зона би ја чинело Европската унија до 1.400 милијарди евра во наредната децеинија, се наведува во анализата на германската фондација „Бертеслем“.










