Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија и натаму ќе се труди да ги израмни несогласувањата во трговските односи со Европската Унија и со Украина за да се нормализираат односите меѓу партнерите.
-
Свет 22.12.2015 17:10
-
Свет 22.12.2015 12:37
Се урна индиски воен авион, 10 жртви
Десет луѓе загинаа, откако се урна авион на индиските погранични сили во близина на меѓународниот аеродром „Индира Ганди“.
-
Свет 22.12.2015 12:18
Над милион бегалци пристигнале во Европа во 2015-та
Повеќе од милион бегалци преку копнен или морски пат стигнале во Европа во текот на 2015-та година, соопшти Меѓународната организација за миграција. Најголем дел, одосно 800 илјади дошле преку Турција и Грција.
-
Свет 22.12.2015 12:04
Русија и Франција ќе разменуваат податоци за екстремистите од ИД
Русија и Франција се договорија да разменуваат разузнувачки податоци за екстремистите од Исламска држава, соопшти францускиот министер за одбрана Дријан.
-
Свет 22.12.2015 11:59
Вонредна состојба во Мали
Владата на Мали прогласи десетдневна вонредна состојба поради закани од неименувани џихадистички групи. „Вонредната состојба е со цел владата да може да преземе соодветни мерки поради сериозните закани по безбедноста на луѓето“, се вели во владиното соопштение.
-
Свет 22.12.2015 08:36
ИД изгубила 14 проценти од територијата која ја контролирала во 2014
Џихадистичката група Исламска држава оваа година изгубила 14 проценти од територијата, која ја контролирала во 2014, според истражување на британскиот институт за одбрана „Ај Ејч Ес Џејнс“ (IHS Jane's).
-
Свет 18.12.2015 13:46
Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица во септември 2016-та
Папата Франциско потпиша одлука за признавање на чудото кое и се препишува на Мајка Тереза, а кое е потребно за да биде прогласена за светица, соопшти Ватикан.
-
Свет 18.12.2015 13:38
Уапсени 11 сиријци за планиран напад на конзулатот на САД во Истанбул
Единаесет членови на Исламска држава осомничени дека подготвувале напад врз генералниот конзулат на САД во Истанбул, се уапсени вчера.
-
Свет 18.12.2015 13:33
Авионот СУ-24 не претставувал закана за Турција
Борбениот авион СУ-24 којшто беше соборен од турските сили не претставувал закана за Турција, ниту пак за граѓаните.
Црната кутија од леталото била отворена пред новинари на директен телевизиски преност, по што била префрлена во специјална лабораторија.
-
Свет 18.12.2015 11:57
Советот за безбедност усвои резолуција против финансирање на тероризмот
Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за засилување на борбата против финансирањето терористички организации подготвена од САД и Русија.










