Снегот го парализираше авиосообраќајот во САД. Повеќе од 2.900 лета се откажани, а 4.800 се одложени. Најсериозна е состојбата на аеродромите во Чикаго каде што се откажани сите полетувања поради изобилните врнежи од снег. Во невремето досега 44 луѓе го загубија животот.
-
Свет 29.12.2015 11:59
-
Свет 29.12.2015 11:43
Сириската војска со руска поддршка ја презеде контролата на браната на Еуфрат
Сириската војска со поддршка на руската авијација ја презеде контролата над стратешки важен објект, браната на реката Еуфрат, соопшти руското Министерство за одбрана.
-
Свет 29.12.2015 11:39
Црвениот плоштад во Москва за прв пат ќе биде затворен
Од безбедносни причини, Црвениот плоштад во Москва, на 31-ви декември за прв пат ќе биде затворен.
Жителите на Русија и туристите кои традиционално ја дочекуваат Новата година на плоштадот, оваа година нема да можат да прославуваат.
-
Свет 29.12.2015 11:38
Невреме во Бразил и Аргентина, најмалку четири жртви
Најмалку четворица загинаа, неколкумина се повредени и исчезнати во свлечиште предизвикано од обилните дождови во предградие на Сао Паоло.
Три куќи целосно се уништени. Обилните дождови предизвикаа проблеми во сообраќајот, а неколку области се целосно под вода.
-
Свет 29.12.2015 11:14
Двајца осомничени терористи уапсени во Белгија
Белгиската полиција уапси две лица во различни делови од државата во неделата и понеделникот, осомничени дека планирале напади во Брисел за време на новогодишната вечер, соопштија денеска федерални обвинители.
-
Свет 28.12.2015 15:41
Сирија: 30 жртви во три бомбашки напади во Хомс
Повеќе од 30 луѓе загинаа, а неколку десетици се повредени во три експлозии во центарот на сирискиот град Хомс.
Во првата експлозија се разнел бомбаш- самоубиец, кусо потоа експлодирал и автомобил- бомба, по што била активирана уште една експлозивна направа.
-
Свет 28.12.2015 11:50
Безбедносна закана во Лондон за новогодишната ноќ
Британските безбедносни власти покренаа тревога во Лондон за пречекот на Новата 2016-та година во центарот на британскиот главен град, поради страв од можен терористички напад, откако разузнавачките агенции добиле предупредување за можен терористички напад како оној во Париз на 13-ти ноември.
-
Свет 28.12.2015 11:27
Тројца турски војници загинаа во бомбашки напад
Тројца турски војници загинаа откако нивното оклопно возило нагазило на бомба поставена на еден пат во југоисточна Турција. Во областа претежно живеат Курди кои според властите се одговорни за нападот.
Во нападот полесно се повредени уште две лица, од кои едниот е полицаец.
-
Свет 28.12.2015 10:43
Нов напад на талибанците во близина на Кабул
Еден цивил загина, а четворица се ранети во самоубиствен напад на талибанци со автомобил-бомба во близина на аеродромот во Кабул.
Цел на нападот биле најверојатно војници од НАТО. Портпарол на талибанците на Твитер објави дека групата ја презема одговорноста за нападот.
-
Свет 28.12.2015 10:17
Јужна Америка: 10 жртви во поплави, 160 илјади евакуирани
Најмалку 10 луѓе загинаа, а 160 илјади се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните дождови што ги погодија Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Четири лица загинале во свлечишта во Бразил, две во Аргентина и уште четири во Парагвај.










