Грчките меѓународни кредитори ги почнаа подготвителните разговори со грчките власти.
-
Свет 28.07.2015 17:08
-
Свет 28.07.2015 12:39
Тензично во Турција, денеска вонреден состанок на НАТО
Нов терористички напад во Турција. Овој пат цел бил гасовод во пограничната област агра на Турско- иранската граница. Министерството за енергетика соопшти дека експлозијата предизвикала голем пожар, кој е локализиран, но во прекин е дотурот на гас.
-
Свет 28.07.2015 12:24
Заложничка драма во Брисел, киднапирани мајка и дете
Заложничка драма во Брисел. Вооружен маж киднапирал мајка и дете во предгрдието Инкс. Околу куќата каде се одвива заложничката драма се распоредени специјалци, а специјални тимови водат преговори со напаѓачот.
Луѓето кои живеат во околината од безбедносни причини се евакуирани.
-
Свет 28.07.2015 10:45
Гасовод во источна Турција- цел на терористички напад
Саботажа на гасовод во пограничната област Агра во источна Турција. Министерството за енергетика соопшти дека гасоводот бил цел на терористички напад. Експлозијата пртедизвикала голем пожар, а дотурот на гас е во прекин.
-
Свет 27.07.2015 16:55
Турција: Војската нападна курдско село, рација во Анкара
Турски тенкови во текот на ноќта гранатирале село под контрола на курдските сили на северот од Сирија. Притоа раниле најмалку четири борци кои заедно со курдите се борат против Исламска држава.
-
Свет 27.07.2015 16:21
На границата со Унгарија, убиен мигрант од Авганистан
Еден државјанин на Авганистан е убиен а две лица се потешко повредени изутрината во општа тепачка меѓу две групи мигранти во Бачки Виногради- на самата граница со Унгарија- соопштија од полицијата.
-
Свет 27.07.2015 15:53
Спор за Пирански залив: Хрватска излегува од арбитражата со Словенија
Хрватска излегува од арбитражата со Словенија за Пиранскиот Залив, објави хрватскиот премиер на вонредна прес конференција. Како што објасни, грешката ја поништува постапката и не верува дека тоа ќе влијае негативно на хрватско-словенечките односи.
-
Свет 27.07.2015 12:19
Почнуваат преговорите за третиот пакет помош на Грција
Претставници на Европската комисија денеска ќе ги почнат преговорите за третиот пакет финансиска помош со претставници на грчката влада. Извори од грчкото министерство за финансии соопштија дека берзата и денеска ќе биде затворена.
-
Свет 27.07.2015 12:08
Обама во посета на Eтиопија
Американскиот претседател Барак Обама во посета на Eтиопија. На ародромот во Адис Абеба беше пречекан од прмиерот Деселенеј, со кого ќе има разговори за граѓанската војна во Јужен Судан.
-
Свет 27.07.2015 10:34
Турција: Хаос во Истанбул, утре вонреден состанок на НАТО
Хаотично на улиците во Истанбул. Еден полицаец загина за време на вчерашните судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност, кои со солзавец и водни топови се обидуваа да ја смират разгневената толпа.










