• Свет 27.07.2015 12:08

    Обама во посета на Eтиопија

    Американскиот претседател Барак Обама во посета на Eтиопија. На ародромот во Адис Абеба беше пречекан од прмиерот Деселенеј, со кого ќе има разговори за граѓанската војна во Јужен Судан.

  • Свет 27.07.2015 10:34

    Турција: Хаос во Истанбул, утре вонреден состанок на НАТО

    Хаотично на улиците во Истанбул. Еден полицаец загина за време на вчерашните судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност, кои со солзавец и водни топови се обидуваа да ја смират разгневената толпа.

  • Свет 24.07.2015 16:45

    Наместо романтична комедија, хорор: Вооружен напад во кино сала во Луизијана

    Наместо романтична комедија на големото платно, хорор филм во кино сала во градот Лафајет во американската држава Луизијана. Вооружен маж купил билет и 20 минути од почетокот на филмот „Трејнврек“ отворил оган кон гледачите – загинале две млади жени, уште 9 лица се повредени.

  • Свет 24.07.2015 13:38

    Турција: Интензивни напади врз цели на ИД

    Војна на турско- сириската граница. Турција жестоко возврати на терористичките напади на Исламска држава. Од изутрината турските ловци Ф-16 напаѓаат позиции на џихадистите во сирискиот дел од границата.

  • Свет 24.07.2015 11:13

    Турнеја низ Африка: Обама во посета на Кенија

    Американскиот претседател Барак Обама во посета на Кенија, како дел од турнејата во Африка. Властите во Најроби ги зголемија мерките на безбедност на највисоко ниво, за да го заштитат од евентуалните напади на сомалиските милитанти.

  • Свет 24.07.2015 10:58

    Вооружен напад во кино во Луизијана, најмалку три жртви

    Најмлаку три лица починаа, седуммина се повредени, откако маж отворил оган во кино во американската сојузна држава Луизијана.

    Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 58-годишен маж, кој нападот го извршил дваесетина минути откако почнал филмот, а потоа сам си го одземал животот.

  • Свет 24.07.2015 10:32

    Турска офанзива против ИДИЛ

    Во раните утрински часови почнаа нападите на турските борбени авиони врз позиции на џихадистите од Исламска држава на сириски територија, засега нема навлегување на турската копнена војска во сирија, соопшти претставник на силите за безбедност во Анкара.

  • Свет 23.07.2015 13:17

    МРТ на протестите во Атина: На Синтагма повторно молотови коктели

    Грчкиот Парламент по речиси дваесет часовна расправа, го усвои и вториот пакет мерки што меѓународните кредитори го бараат од земјата.  А додека траеше гласањето, граѓаните веќе традиционално, излегоа на Синтагма да го искажат својот гнев поради новите мерки за штедење.

  • Свет 23.07.2015 13:08

    Неофицијално: Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија

    Неофицијално, Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија, а со тоа и најмалку две третини од морето во Пиранскиот залив.

  • Свет 23.07.2015 11:51

    Валенсија: Правото на попладневна дремка заштитено со закон

    Градот Адор во шпанската провинција Валенсија со закон го заштити правото на „сиеста“, односно попладневна дремка. Градоначалникот им нареди на жителите мир и тишина во периодот од 2 до 5 часот попладне.

Pages