Кинески хакери се осомничени за голем упад во компјутерскиот систем на владата на САД. Ги украле личните податоци на најмалку 4 милиони сегашни и поранешни федерални вработени.
-
Свет 05.06.2015 12:28
-
Свет 05.06.2015 11:38
Грција не ги прифати барањата на кредиторите
Грција не ги прифати барањата на кредиторите и го извести ММФ дека ја одложува исплатата на ратата од 300 милиони евра. Наместо тоа ќе ги плати одеднаш сите четири во вкупна вредност од 1,5 милијарди.
-
Свет 04.06.2015 17:12
Гана: Над 90 жртви при експлозија на бензиска станица
Најмалку 96 лица загинаа во експлозија на бензиска станица во главниот град на Гана, Акра.
-
Свет 04.06.2015 14:13
Во Италија уапсени 44 лица осомничени за корупција
44 луѓе се уапсени во повеќе региони во Италија, во вториот дел од истрагата Средна Земја. Групата се занимавала со широк криминал – мигранти, мито и местење избори.
-
Свет 04.06.2015 13:20
Епидемија: Вирусот МЕРС ги затвори училиштата во Јужна Кореја
Над 700 училишта и 150 во Јужна Кореја ги суспендираа часовите поради страв од вирусот МЕРС. Бројот на луѓе во карантин се искачи на над 1.600, откако трет човек почина од коронавирусот што го добил од пациент со кого делел соба, а уште петмина се тестирани како позитивни.
-
Свет 04.06.2015 11:43
„Пју“: Европејците го менуваат ставот кон ЕУ
Европејците го менуваат ставот кон Европската Унија по заздравувањето на економијата – тие од југот и се понаклонети, но затоа Германците имаат полош став.
Институтот „Пју“ од Вашингтон го испитувал јавното мислење во шесте најголеми земји.
-
Свет 04.06.2015 11:30
Ципрас: На повидок е решение за грчкиот долг
На повидок е решение за грчкиот долг, изјави грчкиот премиер Ципрас по средбата во Брисел, додавајќи дека Атина сепак отфрлила некои предлози на кредиторите.
-
Свет 03.06.2015 16:26
Убиени над 10 илјади борци на ИДИЛ
Над 10 илјади борци на Исламска Држава се убиени од почетокот на кампањата на меѓународната коалиција во Ирак и во Сирија, објави заменик државниот секретар на САД.
-
Свет 03.06.2015 16:24
Ципрас: Атина поднесе компромисен предлог
Грчкиот премиер Ципрас апелираше за единство и реалност пред клучната средба во Брисел со претседателите на Европската комисија и на Еврозоната. Вели дека Атина поднела компромисен предлог кој треба да им стави крај на сценаријата за можен „Грегзит“.
-
Свет 03.06.2015 12:55
Во Загреб уапсени членови на „Пинк Пантер“
Во Загреб се уапсени шестмина членови на криминалната група „Пинк Пантер“. Биле државјани на Србија, Хрватска и Црна Гора, а според полициски извори планирале разбојништва во повеќе финансиски институции.










