Најмалку 6 луѓе се повредени во две одделни координирани експлозии во канцелариите на прокурдската Народно демократска партија во Адани и Мерсин.
Експлозиите се случуваат непосредно пред Парламентарните избори во земјата, закажани за 7-ми јуни.
Најмалку 6 луѓе се повредени во две одделни координирани експлозии во канцелариите на прокурдската Народно демократска партија во Адани и Мерсин.
Експлозиите се случуваат непосредно пред Парламентарните избори во земјата, закажани за 7-ми јуни.
Француската полиција упасила 9 лица осомничени за спектакуларен грабеж на конвојот автомобили на Саудискиот принц минатата година во Париз, кога крадците зеле 250.000 евра. Осомничените се уапсени во околината на Париз и се наоѓаат во притвор.
Милитантната група Исламска Држава ја презеде контролата врз Рамади, главениот град на западната ирачка провинција Анбар.
Девет лица се убиени, а 16 се ранети во престрелака меѓу две спротивставени моторџиски банди во Тексас. Инцидентот се случил пред спортскиот бар и ресторан „Твин Пикс“, познато собиралиште на моторџиите.
Во Египет за помалку од 24 часа беа погубени шестмина џихадисти само еден ден откако поранешниот шеф на државата, Мохамед Морси беше осуден на смрт. Џихадистите биле погубени поради нападите во име на египетското џихадистичко движење лојално на Исламска Држава.
Во серија бомбашки напади на југот на тајландската провинција Јала за што се осомничени мусмилманските бунтовници, се повредени 18 луѓе.
Неименуван претставник на безбедносните органи на САД изјави дека е уапсен маж кој се обидел да лансира беспилотно летало пред оградата на Белата Куќа. Се истражува дали приведениот сакал дронот да го насочи кон Белата Куќа или да направи фотографии од воздух.
Унгарската влада повтори дека силно се противи на планот на ЕУ за воведување квота за да се подели товарот на приливот на големиот број имигранти во Европа преку Средоземното Море.
Повеќе од 700 мигранти од Мјанмар и Бангладеш стигнале до брегот на источниот брег на индонезискиот остров Суматра.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на состанокот на министрите за надворешна политика на земјите членки на НАТО, во Анталија- Турција изјавила дека овие две организации иако се различни, се соочуват со слични предизвици, пренесува Танјуг.