• Свет 22.05.2015 13:43

    Камерон бара коренити реформи на ЕУ

    „Ќе има искачувања и падови “ рекол Камерон пред  новинарите  пред почетокот на собирот на лидерите на државите членки на ЕУ, со шефовите на државите  и владите на шесте поранешни советски републики, пренесува Танјуг.

  • Свет 22.05.2015 13:37

    Ирска гласа на референдум за легализација на истополовите бракови

    Историски референдум во Ирска. Граѓаните треба да се изјаснат дали ќе ги прифатат истополовите бракови. Геј двојките ја имаат поддршката од речиси сите водечки политички партии, но како противник ја имаат Католичката црква.

  • Свет 22.05.2015 13:30

    Москва не дозволува геј парада

    Официјална Москва соопшти дека нема да дозволи одржување на геј парада во руската престолнина, која беше закажана за крајот на месецов.

  • Свет 21.05.2015 16:51

    Разбиена меѓународна нарко група која дејсвувала во Хрватска и Република Српска

    Во меѓународната полициска операција „Маска“ разбиена е нарко група што дејствувала Хрватска и во Република Српска. Неофицијално, уапсени се шест лица во Дубровник и уште 17 во Бања Лука и Требиње, меѓу кои четворица полициски службеници.

  • Свет 21.05.2015 16:49

    Џихадистите на ИДИЛ го освоија древниот град Палмира

    Џихадистите од ИДИЛ целосно го зазедоа древниот сириски град Палмира кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО.

  • Свет 21.05.2015 13:38

    Абот: Австралија одбива да пружи помош на бегалците

    Австралискиот премиер Тони Абот соопшти дека неговата држава одбива да пружи каква било помош во прифаќањето на бегалците од Мијанмар и Бангладеш на кои во Бенгалскиот Залив со недели им беше оневозможуван пристап до копното.

  • Свет 21.05.2015 12:01

    Во Медитеранот, спасени 297 емигранти

    Спасени 297 емигранти од Медитеранот, соопшти француската морнарица. Членовите на бродот „Командант биро“ им обезбедиле храна и вода на истоштените патници меѓу кои имало околу педесетина жени и деца.

  • Свет 21.05.2015 11:37

    Ципрас на средба со Меркел и Оланд

    Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на маргините на состанокот на лидерите на Европската унија во Рига.

  • Свет 20.05.2015 14:06

    Канада: Уапсени 10 момчиња пред да заминат меѓу џихадистите

    Ова се смета за едно од поважните апсења, по смртоносните напади минатата есен во Квебек и во Парламентот во Отава.

    Сите живееле во околината на Монтреал, а некои од нив се малолетни. Засега не се дадени на суд, нема подигнато обвинение, но одземени им се пасошите.

  • Свет 20.05.2015 13:33

    Сивол: Западниот Балкан регрутира борци за Ирак и Сирија

    Американскиот државен потсекретар Сара Сивол оцени дека Западниот Балкан регрутира странски терористички борци за боиштата во Ирак и Сирија.

    Насилниот екстремизам се шири географски и никои не е имун на оваа опасност, рече потсекретарката на Безбедносната конференција во Тирана.

Pages