Турскиот државник К.А е задржан во полиција како осомничен за убиството на навивачот на Црвена ѕвезда Марко Ивковиќ.
-
Свет 28.11.2014 11:57
-
Свет 28.11.2014 11:00
Се смирува состојбата во Фергусон
Состојбата во Фергусон смирена во изминатото деноноќие. Група демонстранти, незадоволни од одлуката на поротата во Фергусон, во Њујорк ја прекина традиционалната парада за Денот на благодарноста.
-
Свет 28.11.2014 10:52
Папата Франциско во тридневна посета на Турција
Папата Франциско ја почнува тридневната посета на Турција. Предведени се средби со претседателот Ердоган, како и со врховниот муслимански верски лидер Гормез.
-
Свет 28.11.2014 10:36
Започна шопинг треската во САД
Почна потрошувачката треска во Америка. Првата поголема распродажба за Божиќ е таканаречениот Црн петок, што почнува вечерта на празникот Ден на благодарноста, кога редици луѓе чекаат продавниците да ги отворат вратите за да купат поевтини производи.
-
Свет 27.11.2014 18:53
ОПЕК не постигна договор, цената на нафтата во слободен пад
По средбата на ОПЕК цените на нафтата се во слободен пад. Министрите од 12-те земји членки не постигнаа договор да ја намалат испораката. По објавата, Брент нафтата падна под 72 долари за барел.
-
Свет 27.11.2014 18:09
Гувернерот на Мисури го отфрлил барањето за ново судење на белиот полицаец
Гувернерот на Мисури наводно го отфрлил барањето за ново судење против белиот полицаец кој уби невооружени црномурест тинејџер. Семејството на Мајкл Браун изрази разочараност пред камерите.
-
Свет 27.11.2014 18:02
Генерален штрајк ја парализира Грција
Општ штрајк ја парализира Грција – затворени училишта, болници, аеродроми и градскиот сообраќај. Синдикатите протестираат против владините реформи, отпуштањата и пензиската реформа што ги бара меѓународната тројка кредитори.
-
Свет 27.11.2014 15:36
Откриена канцерогена супстанца во млеко и добиточна храна во Австрија
Откриена е канцерогена супстанца хекса-хлор-бекол во млекото и добиточната храна на 35 фарми во австриската покраина Корушка. Властите тврдат дека контаминираното млеко не стигнало до потрошувачите.
-
Свет 27.11.2014 15:31
Бомбашки напад на британската Амбасада во Кабул
Најмалку шест лица загинаа, меѓу кои еден Британец и петмина Авганистанци во напад на бомбаш самоубиец врз возило на британската Амбасада во Кабул. Самоубиецот удрил со автомобилот полн со експлозив во возило на британската Амбасада.
-
Свет 27.11.2014 15:20
Европскиот парламент и изгласа доверба на Комисијата на Јункер
Со огромно мнозинство, европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија и на нејзиниот претстедател Жан Клод Јункер. 461 пратеник гласаа против, 101 беа за, а 88 гласаа воздржано.










