Министрите на земјите челенки на ОПЕК во Виена ќе расправаат за запирање на падот на цената на суровата нафта на светските берзи.
-
Свет 27.11.2014 13:38
-
Свет 27.11.2014 13:34
Грција парализирана од штрајк и масовни протести
Генерален штрајк и масовни протести со молк на медиумите во Грција. Работата на државниот и приватниот сектор парализирана.
Во Атина се затворени државните и општинските институции, а болниците примаат само итни случаии.
-
Свет 27.11.2014 11:29
Хаити сеуште се бори со колерата
Здравствениот систем на Хаити се уште нема капацитет адекватно да му пристапи на лекувањето на пациентите заболени од колера.
-
Свет 27.11.2014 11:21
Денот на благодарноста во сенка на протестите низ САД
Во екот на протестите низ целата територија на САД, Денот на благодарност е ставен во сенка. Демонстрациите се проширија во повеќе од 170 американски градови. И натаму најжестоки се протестите во Фергусон. Во немирите пукано е во два агента на ФБИ.
-
Свет 27.11.2014 10:44
Силна снежна бура ги зафати североисточните делови на САД
Силна снежна бура ги зафати североисточните реони на САД. Гувернерот на државата Њу Џерси, која се граничи со Њујорк, Крис Кристи, објави вонредна состојба. -
Свет 26.11.2014 19:30
Рударска несреќа во Кина - 24-ца загинати и педестина повредени
24-ца загинати и педестина повредени во рударска несреќа на североистокот на Кина. Земјотрес предизвикал пожар, а рударите не можеле да побегнат од пламените јазици.
Рудниците во Кина се меѓу најнебезбедните за работа.
-
Свет 26.11.2014 19:26
Штрајк на медиумските работници во Грција
Штрајк на медиумските работници во Грција, против политиките на владата. Новинарите бараат задолжителни колективни договори, исплата на заостанати плати и обновување на работата на затворената грчка радио и телевизија.
-
Свет 26.11.2014 19:23
Стотина загинати во нападите на сириското воздухопловство врз цели на ИД
Стотина загинати за време на нападите на сириското воздухолпловство врз цели на Исламската држава.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека половина од загинатите се цивили.
-
Свет 26.11.2014 19:15
Хонг Конг - Уапсени полицајци поради претепување на демонстранти
Уапсени седуммина полицајци кои за време на протестите во Хонг Конг претепале неколкумина демонстранти. Полицијата упаси и двајца лидери на студентите.
Отстранувањето на шаторите на демонстрантите почна мирно, но ескалираше во жестоки судири.
-
Свет 26.11.2014 19:08
Хрватска ја повлече храната за бебиња “Алнатура”
Oд пазарот во Хрватска повлечени производите од “Алнатура” храна за бебиња, кашички и четири видови житарици. Во кашичките се пронајдени траги од тропан алкалоиди.
Македонската агенција храна и ветеринарство објави дека овие производи ги нема на нашиот пазар.









