Американските воздушни напади продолжуваат, но барем засега силите на Исламската држава на Ирак и Левант немаат големи загуби. Пентагон на барање од ирачките власти, изврши достава на оружје за ирачките безбедносни сили.
-
Свет 12.10.2014 16:40
-
Свет 12.10.2014 16:07
Тајфуни пустошат во Индија и Јапонија
Три лица ги загубија животите кога тајфунот Худхуд во Бенгалскиот залив го погоди источниот брег на Индија носејќи ветер со брзина од 200 колометри на час. Невремето корнело дрвја, ја уништувало електричната мрежа, а биле затворени и патните и железничките коридори.
-
Свет 12.10.2014 16:01
Путин нареди повлекување на руската војска од границата со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин наредил руските војници да се повлечат во постојаните бази, по завршувањето на воената вежба во Ростовската област, во близина на границата со Украина, соопшти портпарол на Кремљ.
-
Свет 12.10.2014 15:57
Уште еден крвав ден во Ирак - Автомобили бомби убија најмалку 25 лица
Најмалку 25 лица се убиени денеска, а 60 се ранети во три одделни експлозии на автомобили бомби во ирачкиот град Бакуба, соопштија болнички извори.
-
Свет 12.10.2014 15:47
Без поголеми проблеми тече изборниот ден во БиХ
Општите избори во Босна и Херцеговина се одвиваат релативно добро, потврди во првата оценка на изборниот ден претседателот на централната изборна комисија Стјепан Микиќ. Тој нагласил дека имало и доцнење во отворањето на одделни изборни места, но дека не се работи за поголеми проблеми.
-
Свет 11.10.2014 18:49
Индија и Јапонија погодени од циклони
12 лица се повредени во јапонскиот остров Окинава при налетот на супер тајфунот Вонг Фонг. Ветрот што дува со силина и до 230 километри на час, носејќи обилни дождови се движи кон Токио.
-
Свет 11.10.2014 17:34
ОН со повик до државите за помош во борбата против еболата
Нова линија на борба против еболата се отвори на главните аеродроми во САД. Во Њујорк на Џон Кенеди, Либерти во Њуарк, Дејлс во Вашингтон, О-Хара во Чикаго и на Хартсфилд-Џексон во Атланта почна скринингот на патниците. Им се мери температурата и треба да одговорат на серија прашања.
-
Свет 11.10.2014 17:31
Џихадистите влегоа во Багдад
Џихадистите од Исламска држава влегоа во Багдад. Се инфилтрирале во предградието Абу Граиб, на 13 километри од пистата на меѓународниот аеродром. Вооружени се со ракетни фрлачи, а во самиот град постојат тајни келии кои чекаат да се активираат.
-
Свет 11.10.2014 17:22
Џихадистите јавно погубија снимател и цивили
Екстрамисти на Исламската држава јавно погубија снимател на локална ирачка телевизија заедно со неговиот брат и двајца цивили во градот тикрит.
-
Свет 10.10.2014 16:56
Џихадистите напредуваат во Кобане
Мартин џихадистите напредуваат во Кобане, заземен е речиси половина град соопшти сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Борбите се прошируваат и на сириско-турската граница.
„Стоиме до границата но не смееме да преминеме на другата страна. Што да правиме.“










