Најмалку 28 рудари се повредени од кои 8 се во критична состојба по експлозија во рудникот Мисловице во јужниот дел на Полска. Спасувачките екипи се во потрага по еден рудар, кој се води за исчезнат.
-
Свет 07.10.2014 18:35
-
Свет 07.10.2014 16:38
Франција во паника од ебола откако младо момче се вратило од одмор во Гвинеја!
9-годишно момче е во центарот на паниката во француските училишта. Се вратило од одмор во Гвинеја, една од земјите погодени од еболата. Нема симптоми и нема причина за тоа, но може да се случи. Родителите ги повлекуваатдецата од училиштето.
-
Свет 07.10.2014 14:47
Мексиканските федерални агенти ја преземаа власта во Игуала
Мексикански федерални агенти ја разоружаа полицијата и ја презедоа власта во Игуала. Акцијата е спроведена само неколку дена откако беше откриена масовна гробница во која се верува дека се закопани 28 од 43-ца студенти исчезнати во мафијашка пресметка.
-
Свет 07.10.2014 14:43
Тројца јапонски научници добитници на Нобеловата награда за физика
Трио јапонски научници се добитници на Нобелот за физика, за изумот на сините лед светилки. Професорите Акасаки, Амано и Накамура со својот изум му обезбедија на светот силен и енергетски ефикасен извор на бела светлина. Т
-
Свет 07.10.2014 14:40
Протести на Курдите во Турција поради наредувањето на џихадистите од ИД
Во Истанбул и други турски градови полицијата се судри со демонстрантите. Протестираа поради напредувањето на џихадистите од Исламска држава и заземањето на Кобане. Турските тенкови на границата ги делат само 3 километри од борбите.
-
Свет 07.10.2014 14:20
Могерини: Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи
Политиката на проширување на Европската Унија треба да продолжи, како најдобра гаранција за трансформација, демократизација и развој на земјите од Западен Балкан и Турција.
-
Свет 07.10.2014 12:39
Католичката црква се раздели од латинскиот јазик
Католичката црква се раздели од вековната традиција на латинскиот јазик. Папата Франциско одлучи да го замени со италијанскиот на Светскиот собир на бискупите.
-
Свет 07.10.2014 12:33
Протестите во Хонг Конг губат на интензитет
300 демонстранти остануваат на улиците на Хонг Конг и по договорот за преговори за изборните реформи.
Градот постепено се нормализира, а протестот губи на интензитет.
-
Свет 07.10.2014 11:23
ИДИЛ зазеде три окрузи од Кобане
Исламска држава зазеде три окрузи од стратешки важниот град Kобане, на границата со Tурција.
Во тек се улични борби со послабо вооружените Kурдски сили. Од градот се евакуираат жените и децата.
-
Свет 07.10.2014 10:41
Ебола во Европа: Заразена медицинска сестра во Шпанија
Еболата помина ново ниво во Европа. Првиот случај на пренос надвор од Западна Африка се случи во Шпанија. Заразена е медицинска сестра која во Мадрид го лекувала двајца шпански свештеници кои починаа откако се заразиле во Либерија.










