Несреќа во Русија. Десет патници загинале, стотина се повредени, откако три вагони излетале од шините на линијата Арбатско- Покровскаја. Патниците кои се во критична состојба со хеликоптери биле транспортирани до најблиските болници.
-
Свет 15.07.2014 13:15
-
Свет 15.07.2014 11:38
Жестоки борби во Луганск
Припадниците на вооружените сили на самопрогласената Народна Република Луганск соопштија дека во последните 24 часа, во текот на борбите за аеродромот, убиле околу 100 украински војници и уништиле 5 тенкови, две оклопни возила и еден минофрлач.
-
Свет 14.07.2014 18:17
Хелетеј: Украински воен авион соборен со ракета истрелана од руска територија
Украинскиот министер за одбрана генерал-полковник Валериј Хелетеј денеска изјави дека воено-транспортниот авион „Ан-26“, што учествуваше во воената операција врз проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, бил соборен од ракета што веројатно била истрелана од руска територија.
-
Свет 14.07.2014 17:02
По поразот од Германија, немири на улиците на Буенос Аирес
Еуфорична атмосфера во Рио по победата на германската репрезентација над Аргентина. Новиот светски шампион ги живее своите пет минути слава. Среќата на германските навивачи беше очигледна. Во Германија се танцуваше до зори, а забавата, освен со алкохол, збогатена и со добра пиротехника.
-
Свет 14.07.2014 15:25
Преку анализа на крвта до рано откривање на Алцхајмер
Британските научници откриле тест за рано откривање на Алцахајмеровата болест, од која страдаат 44 милиони луѓе во светот. Со анализа на крвта, односно на 10 протеини може да се утврди појавата на болеста пред мозокот да биде зафатен толку што не може да се излечи.
-
Свет 14.07.2014 14:36
Американските бизнисмени поддржуват четиридневна работна недела
69% од бизнисмените-милионери подржуваат укинивање на еден работен ден, но, да се работи по 10 часа на ден-пренесува Ен-Би-Си.
-
Свет 14.07.2014 13:32
Жестоки борби на руско-украинската граница, Москва најави одмазда
Се усложнува состојбата на руско-украинската граница откако Москва најави одмазда поради украинското гранатирање на руска територија. Проектилите паднале во пограничниот град Ростов, во кое загина еден цивил.
-
Свет 14.07.2014 13:09
Меркел демантира дека ќе поднесе предвремена оставка
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема намера предвреме да поднесе оставка на функцијата, нагласувајќи дека планира да ја предводи Владата до истекот на нејзиниот мандат во 2017 година. -
Свет 14.07.2014 12:35
ООН: До 2050 година уште 2,5 милијарди луѓе ќе се доселат во градовите
Според извештајот на Организацијата на Обединетите нации, повеќе од половина од седумте милијарди жители на Земјата живеат во градовите, а до 2045 година бројот ќе се зголеми до 6 милијарди. -
Свет 14.07.2014 10:47
СП Бразил 2014: Германија славеше, навивачите на Аргентина протестираа
Германските навивачи на плажите во Рио Де Жанеиро направија невидена забава, откако ја однесоа победата на Мундијалот.










