-
Свет 16.05.2014 15:44
ОН: Сосотојбата со човековите права во Украина е влошена
На истокот на Украина состојбата во врска со човековите права е загрижувачки влошена, се вели во најновиот извештај на ОН објавен во Киев. -
Свет 16.05.2014 15:39
Евакуација во Србија- илијадници луѓе чекаат помош
Илјадници луѓе на покривите во повеќе српски општини чекаат помош, која не може да стигне до нив поради надојдената вода. Во тек е евакуација на илјадници луѓе од најтешко погодениот Обреновац.
-
Свет 16.05.2014 14:56
Хелмут Шмит:Постои опасност од Трета светска војна
Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит ја спореди украинската криза со летото во 1914 година и ги предупреди САД, Русија и ЕУ на опасност од трета светска војна.
-
Свет 16.05.2014 13:04
Бројот на загинати во рудникот во Турција нема да надмине 302-ца
Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во Сома нема да надмине 302-ца, изјави турскиот министер за енергетика Јилдиз.
Тој изрази надеж дека намалувањето на нивото на јаглерод диоксид ќе го олесни евакуирањето на уште 18 рудари кои се верува дека останале во окното.
-
Свет 16.05.2014 11:33
Прва европска предизборна дебата: Идниот претседател на Европската комисија е во салата
Петте кандидати на водечките европски политички партии се соочија вчеравечер во првата телевизиска дебата пренесена директно во сите земји членки на Европската Унија. -
Свет 16.05.2014 11:29
Руска помош пристигнува во Србија
Руското министерство за вонредни состојби и цивилна заштита испрати спасувачи во Србија, за давање помош во спасувачките акции, по поплавите што ја погодија земјата и кои однесоа пет човечки животи, соопштило руското министерство, пренесуваат српските медиуми.
-
Свет 16.05.2014 11:17
Жестоки протести во Бразил пред Светското првенство во фудбал
Бразил го тресат жестоки протести пред Светското фудбалско првенство.
Демонстрантите и полицијата во Рио и во Сао Пауло се судрија. Беа употребени солзавец и камења.
-
Свет 16.05.2014 11:14
Продолжуваат борбите на истокот од Украина
На истокот од Украина и ноќеска борби меѓу проруските сепаратисти и украинската војска.
Гранатирани биле пунктови во предградијата на Славјанск, а блокирани се патиштата до Краматорск. Официјален Киев е загрижен поради новите планирани вежби на руската авијација во Воронешкиот регион.
-
Свет 16.05.2014 10:57
Италија: Одлука за структурата и дејстувањата на НАТО на следниот самит
На престојниот самит на НАТО во Велс, по последните случувања во Украина и повлекувањето од Авганистан, сојузниците треба да одлучат за иднината на Алијансата во идната деценија, изјави италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини во Вашингто
-
Свет 16.05.2014 10:15
Балканот се бори со поплавите!
Во Србија останува во сила вонредната ситуација на територијата на целата земја. Во текот на ноќта свлечиште однесе 11 куќи во Бајина Башта. Во Обреновац, спасувачите се во трка со времето – напукнатата брана ќе се штити со насипи на три локации.








