Бројот на загинати во ненадејните поплави во Гранд Кањонот во Аризона се искачи на двајца. По едно лице и натаму се трага а околу 80 се спасени и евакуирани. Поплавите сериозно го оштетија водоводниот систем, поради што се воведени итни ограничувања за користење на водата.
-
Свет 01.09.2026 10:48
-
Свет 01.09.2026 10:33
Трамп се закани со одмазда, Иран бара договор
Трамп најави одмазда за иранските напади врз американски бази во Јордан, оценувајќи го Иран како „пропадната држава“.
-
Свет 01.09.2026 08:49
Киев повторно под руски оган
Русија уште една ноќ по ред изврши напади врз Киев, со загинати и ранети, меѓу кои и деца. Во исто време, украински дронови ја погодија руската пристанишна инфраструктура во Уст-Луга.
-
Свет 31.08.2026 14:19
Кипар: Продолжува потрага по исчезнати по несреќата
Турција и властите на Северен Кипар продолжуваат со потрагата по 18 исчезнати лица, по превртувањето на ферибот со речиси 270 патници во близина на северниот брег на Кипар, при што загинаа најмалку осум лица, а 241 беа спасени. Капетанот и седум членови на екипажот се приведени.
-
Свет 31.08.2026 13:46
Киев петти ден под руски воздушни напади, Зеленски предупредува на промена во руската тактика
Киев и натаму е под руски воздушни напади, со експлозии кои петти ден по ред непрестано одекнуваат во градот. Погодена е печатница на периферијата, при што е уништен погон за печатење на над милион учебници пред почетокот на учебната година.
-
Свет 31.08.2026 13:08
15 планинари исчезнати по поплави во Гранд Кањон
Околу 15 планинари се водат за исчезнати по ненадејните поплави во Гранд Кањонот во Аризона. Досега 62 лица се евакуирани со хеликоптери.
Нема повредени, но властите предупредуваат на нови невремиња и можни поплави.
-
Свет 31.08.2026 12:39
Непал: Спасувачки напори додека црниот биланс расте
Непал ги засилува спасувачките операции за стотици луѓе за кои се стравува дека се заробени во тунели на хидроенергетски проекти по ненадејните поплави. Во спасувањето помагаат екипи од Индија, Кина и Јужна Кореја.
-
Свет 31.08.2026 10:21
Киев подготвува нова комуникација со САД
Украина најави нова комуникација со претставници на САД. Зеленски оцени дека Вашингтон во голема мера ги споделува ставовите на Киев за ситуацијата на фронтот и руските напади. Според него, за четири дена Русија лансирала речиси 1.500 дронови, од кои речиси 800 млазни „Шахеди“.
-
Свет 31.08.2026 09:04
Нова ескалација и судири меѓу САД и Иран
САД извршија напад врз два ирански лансери на островот Ларак, во близина на Ормускиот теснец. Вашингтон тврди дека иранските сили се подготвувале да истрелаат ракети со морски мини.
-
Свет 30.08.2026 14:43
Патнички брод со 279 лица се преврте и потонакај Кипар – во тек голема спасувачка акција
Патнички брод со 267 лица се преврте и потона во близина на северниот дел на Кипар, на пат од пристаништето Киренија кон турскиот град Ташуџу.










