Брисел ја нагласи важноста од инвестирање во безбедносен ѕид од дронови за заштита на Унијата. Најавен е состанок со учество на повеќе земји, меѓу кои и засегнатите Полска, Естонија и Данска, на кој ќе се дискутира за неодамнешните нарушувања во воздушниот простор.
-
Свет 26.09.2025 08:51
-
Свет 25.09.2025 16:07
Саркози прогласен за виновен, по дел од обвиненијата во судењето за кампањата од Либија
Поранешниот француски претседател прогласен за виновен, по дел од обвиненијата во судењето поврзано со средства за кампањата од Либија.
-
Свет 25.09.2025 15:49
Продолжува израелската офанзива во Газа
Нов напад со дронови врз израелскиот град Еилат. Над 20 лица се повредени, од кои двајца сериозно. Армијата соопшти дека дроновите дошле од Јемен и се урнале. Хутите изминативе две години постојано напаѓаа цели во Израел со проектили и дронови, во знак на солидарност со Хамас.
-
Свет 25.09.2025 12:43
Данска во состојба на тревога откако неовластени дронови двапати го нарушија нејзиниот воздушен простор
Данска во состојба на тревога по неовластените дронови кои го нарушија нејзиниот воздушен простор, два пати во една недела. Властите разгледуваат активирање на членот 4 од НАТО откако леталата беа забележани над четири аеродроми, по што привремено беше затворен главниот аеродром Алборг.
-
Свет 25.09.2025 11:48
Војната во Украина во фокусот на Генералното собрание на ООН
Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади и обвинувања за жртви додека војната останува во фокусот на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
-
Свет 25.09.2025 10:39
Хамас со итно предупредување до Израел
Над 20 луѓе се повредени во напад со дронови на Хутите врз израелскиот град Еилат. Леталата погодиле трговски центар. Израелските пресретнувачи не успеале да ги соборат навреме. Нападот доаѓа неколку дена по сличен инцидент во кој беше погоден хотел во истиот град.
-
Свет 25.09.2025 09:50
Зеленски уверен во поддршката на САД
Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади и обвинувања за жртви, додека војната останува главна тема на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Американскиот државен секретар Рубио на средбата со рускиот министер Лавров побара Москва да преземе чекори кон трајно решение на конфликтот.
-
Свет 25.09.2025 09:00
Дронови над 4 аеродроми во Данска, Алборг привремено затворен
Неидентификувани дронови забележани во воздушниот простор на Данска, над четири аеродроми поради кои аеродромот Алборг е затворен неколку часа – соопштија властите.
-
Свет 24.09.2025 20:09
Хонгконг на удар на супертајфун
Најсилниот тропски циклон во светот – супертајфунот „Рагаса“, годинава го погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и на поплави. Делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар се поплавени. Во Тајван, најмалку 14 лица загинаа по изобилните дождови, откако се излеа езеро.
-
Свет 24.09.2025 17:46
Москва: Погрешно е да се мисли дека Украина може повторно да ги освои анектираните територии
Земјите од Балтичко до Црно Море што граничат со Русија, Белорусија и Украина стравуваат од прелевање на војната. Министрите за одбрана од источната граница на ЕУ в петок на разговори.










