Неколку европски аеродроми, вклучувајќи го и аеродромот во Брисел, погодени од сајбернапад што ги наруши системите за пријавување и качување. Надлежните велат – давателот на услугите работи на отстранување на последиците.
-
Свет 20.09.2025 13:52
-
Свет 20.09.2025 12:11
Нови масовни руски напади со дронови и ракети во текот на ноќта
Украина гори. Русија започна нови масовни напади во текот на ноќта со дронови и ракети. Пријавени директни удари врз десет локации. Жртви и повредени во Дњепар, експлозии и пожари во Павлоград и Николаев. Нападнат и Киевскиот регион.
-
Свет 19.09.2025 15:52
Нови напади во Украина, на удар и Киев
Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Русите лансираа над 200 дронови за 24 часа, одново на удар Киев. Украинските сили објавија дека извршиле успешен напад во Курск. Зеленски потврди дека е во тек контраофанзива операција на источниот фронт.
-
Свет 19.09.2025 12:02
Украина со модерни системи против руските дронови
Војната во Украина беснее со несмалено темпо. Регистрирани напади со беспилотни летала во повеќе региони. Украинските сили објавија дека извршиле успешен напад во Курс. Зеленски објави дека Путин подготвува две офанзиви наесен, и потврди дека е во тек контраофанзива операција на источниот фронт.
-
Свет 19.09.2025 11:00
Нереди низ градовите во Франција, уапсени демонстранти
Масовни демонстрации во Франција. Во Париз избувнаа судири меѓу полицијата и толпата која протестираше против владата на францускиот претседател Макрон. Уапсени се повеќе од 180 демонстранти, употребен солзавец.
-
Свет 19.09.2025 09:40
САД ставија вето на резолуцијата за помош во Газа
САД ставија вето на резолуцијата за хуманитарна помош во Газа. Нацрт-текстот предвидуваше Израел веднаш и безусловно да ги укине сите ограничувања за влез на хуманитарна помош и да обезбеди безбедна и непречена дистрибуција до населението.
-
Свет 19.09.2025 08:50
Зеленски: Путин подготвува две офанзиви наесен
Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Зеленски тврди дека е во тек контраофанзива операција на источниот фронт. Путин пак, објави дека 700 илјади руски војници се во првите борбени редови.
-
Свет 18.09.2025 21:24
Протестите во Франција масовни, уапсени над 130 демонстранти
Масовни демонстрации ја тресат Франција. Главните синдикати излегоа на протест против претседателот Макрон и владините мерки за штедење.
Најсилно погодени- јавниот превоз, образованието и здравството. Пријавени судири со полицијата, уапсени над 130 демонстранти.
-
Свет 18.09.2025 20:40
Израел продолжува со офанзивата во Газа
Израелската војска продолжува со офанзивата во градот Газа. Колони Палестинци бегаат од насилствата.
Израел вели дека целта е да се ослободат заложниците и да се поразат борците на Хамас.
-
Свет 18.09.2025 20:11
Нови напади во Киев
Нови напади во Киев во момент кога Украина добива над две милијарди долари американско оружје, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“финансирано од НАТО-сојузниците.










