Израелските сили пронајдоа останки на уште двајца заложници држени во Газа. Според кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху, еден од заложниците е Јаир Јаков, убиен на 7 октомври 2023 година.
Идентитетот на вториот заложник не е откриен.
Израелските сили пронајдоа останки на уште двајца заложници држени во Газа. Според кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху, еден од заложниците е Јаир Јаков, убиен на 7 октомври 2023 година.
Идентитетот на вториот заложник не е откриен.
Украинскиот претседател бара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор.
Една квадратна милја е површината во градот на ангелите на којашто градоначалничката Бас прогласи полициски час во траење од осум навечер до шест часот изутрина. Од наредбата се изземени жителите на областа, бездомниците, медиумските работници и државните службеници.
Преговарачките тимови на САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка, која сега треба да биде одобрена од претседателите Трамп и Џинпинг. Клучно прашање во преговорите се ретките метали од Кина – стратешки суровини за батерии, турбини на ветер и одбранбени технологии.
Австрија во тага и тридневна жалост. Минутен молк за жртвите во масакрот во училиштето во Грац каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Во дворот на објектот – ужалените семејства.
Во делови од центарот на Лос Анџелес воведен полициски час како одговор на грабежите и насилството за време на протестите против имиграциските рации. Во сила е до утринските часови.
Русија продолжува со масовни напади во Украина. Во Харков жртви и десетици повредени. Јавува за соборени десетици украински дронови. САД ја повика Русија веднаш да престане со нападите откако изврши еден од најголемите воздушни удари врз Киев и Одеса.
Австрија во тага и тридневна жалост по масакрот во училиштето во Грац, каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Илјадници граѓани со свеќи се собраа на плоштадот за да им оддадат почит на жртвите. Во нивна чест беше одржана и миса.
Незапаметен масакр во средно училиште во Грац, Австрија. Десетмина загинати и 12 повредени во напад со огнено оружје. Меѓу жртвите се еден наставник и осуммина ученици на возраст од 14 до 18 години.
Гореше небото над Киев и Одеса. Русија лансираше над 500 дрона бомби врз двата града. Во еден од најубавите приморски градови на светот, жителите ја минаа ноќта на улиците. Засега црниот биланс е двајца загинати, и дузина повредени. Насекаде опожарени возила.