Во Полска речиси 29 милиони граѓани регистрирани за гласање решаваат кој ќе биде новиот претседател на земјата, како и насоката на надворешната политика.
-
Свет 01.06.2025 14:06
-
Свет 01.06.2025 12:47
Најмалку 30 загинати во напад врз пункт за хуманитарна помош во Газа
Десетци загинати и стотици ранети откако израелските сили отвориле оган во близина на центар за хуманитарна помош во Газа поддржан од САД. Во моментот на нападот со тенкови во близина на центарот се наоѓале илјадници жители на енклавата.
-
Свет 31.05.2025 13:56
Израел продолжува со офанзивата
Голем облак од чад се издигна над северниот дел на Појасот Газа, додека Израел продолжува со својата офанзива во енклавата.
Хамас го разгледува новиот предлог за прекин на огнот одобрен од Израел.
-
Свет 31.05.2025 12:19
Меѓународниот самит за безбедност во Сингапур
Светот треба да биде многу загрижен поради зајакнување на односите меѓу Русија и Кина, особено откако севернокорејските трупи се вклучија во војната против Украина, предупреди шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас на меѓународниот самит за безбедност во Сингапур.
-
Свет 31.05.2025 11:44
Нови руски напади во Украина
Нови руски напади во Украина. Најмалку две лица загинаа, а десетици се ранети во нападот со дронови на југот од Украина. Во украинските напади на дронови врз руска територија, пак, ранети се најмалку 10 лица.
-
Свет 31.05.2025 10:58
Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум
Американскиот претседател Трамп на митингот во Пенсилванија изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум од 25 на 50 проценти. Според него, двојното зголемување на царините за челик, дополнително ќе ја зајакне челичната индустрија во САД.
-
Свет 30.05.2025 18:28
Нова рунда преговори Киев-Москва во понеделник
В понеделник нова рунда разговори меѓу Киев и Москва во Истанбул. Украина е посветена на мирно решавање на војната и го прифати предлогот на САД за прекин на огнот, топката е во дворот на Русија, велат од украинското МНР.
-
Свет 30.05.2025 14:15
Тактизирања пред состанокот во Истанбул за Украина
В понеделник нова рунда разговори меѓу Киев и Москва во Истанбул. Украина е посветена на мирно решавање на војната и го прифати предлогот на САД за прекин на огнот, топката е во дворот на Русија, велат од украинското МНР.
-
Свет 30.05.2025 10:52
САД најави проверка на кандидатите за студентски визи од Кина
Стејт департментот најави проверка на кандидатите за студентски визи од Кина и нивното одземање. На удар тековните визи за кинески државјани, заедно со идните баратели. Ќе се проверуваат сите што би можеле да ѝ наштетат на националната безбедност.
-
Свет 30.05.2025 10:25
Дипломатски напори за крај на војната во Украина
Русија ја одолговлекува војната и прави се за да ги измами земјите кои сè уште се обидуваат да влијаат со зборови, а не со притисок, вели украинскиот претседател по предлогот на Москва за нов состанок во Истанбул во понеделник.










