Додека мировните преговори за ставање крај на војната во Украина стагнираат, американскиот претседател бара Европа веднаш да престане со купување руска нафта за конфликтот да може да заврши.
-
Свет 05.09.2025 10:06
-
Свет 05.09.2025 10:01
Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во „Министерство за војна“
Трамп планира да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“-потврди Белата куќа.
Наредбата ќе овозможи користење на нови титули во официјална комуникација и ќе бара законски мерки за трајна промена.
-
Свет 05.09.2025 09:13
Силите на Израел контролираат 40% од Газа
Израел продолжува со нападите во Газа. Палестинците известуваат за десетици жртви и повредени, додека израелската војска соопшти дека веќе контролира 40 насто од територијата на градот пред главната офанзива за негова окупација.
-
Свет 05.09.2025 08:26
26 земји подготвени да гарантираат мир по војната
На состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Париз, 26 земји се обврзаа да распоредат свои сили во Украина како дел од безбедносни гаранции. Франција го поддржа потегот, но Полска, Италија и Романија најавија дека нема да испраќаат трупи.
-
Свет 04.09.2025 18:26
Состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Париз
Во момент кога се интензивираат битките, а Русија ги јакне воените капацитети долж линијата на фронтот, нов состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Париз. 26 земји се обврзале за повоени безбедносни гаранции за Украина.
-
Свет 04.09.2025 16:30
Хамас повтори дека е подготвен за сеопфатен договор за Газа, жестоки протести во Израел
Ескалираа протестите во Ерусалим – демонстрантите се спротивставуваат на владиниот повик за мобилизирање резервисти за проширената операција во Газа. Се бара крај на војната и ослободување на заложниците.
-
Свет 04.09.2025 11:54
Безбедносни гаранции за Украина
„Коалицијата на подготвените“ во Париз проценува какви повоени безбедносни гаранции може да се обезбедат за Украина. На состанокот кај Макрон, присутни Зеленски, претседателката на ЕК, Фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Руте. Околу 30 други европски лидери присутни онлајн.
-
Свет 04.09.2025 10:07
Протести во Израел, Хамас подготвен за договор
Ескалираа протестите во Ерусалим – демонстрантите се спротивставуваат на владиниот повик за мобилизирање резервисти за проширената операција во Газа. Се бара крај на војната и ослободување на заложниците.
-
Свет 04.09.2025 09:50
Мадуро подготвен да се бори по нападот од САД
Венецуела останува на нозе, обединета и подготвена да се бори за мир и суверенитет во земјата-изјави претседателот Мадуро по нападите на американската војска врз брод што превезувал дрога во Карибите.
-
Свет 04.09.2025 09:08
Трагедија во Лисабон, најмалку 15 загинати откако трамвај излета од шини
Најмалку 15 загинати и 20-ина повредени во главниот град на Португалија, Лисабон, откако трамвај излета од шини. Меѓу жртвите има и странски државјани. Несреќата се случила на историската линија „Глорија“ која е позната туристичка атракција.










