Романскиот претседател Илија Боложан го назначи Каталин Предоју за вршител на должноста премиер до формирањето на нова влада. Националниот политички совет на романските социјалисти вчера реши да ја напушти владејачката коалиција и Марсел Чолаку да поднесе оставка.
-
Свет 06.05.2025 11:48
-
Свет 06.05.2025 09:53
Декларативно, заложби за прекин на огнот - меѓусебните напади меѓу Русија и Украина продолжуваат
Во пресрет на парадата на 9-ти мај во Москва, втора ноќ по ред, руската престолнина изложена на напади. Од безбедносни причини на неколку часа беа затворени четири големи московски аеродроми.
-
Свет 06.05.2025 09:24
Утре почнува конклавата за избор на новиот папа
Сите 133 кардинали под 80 години се во Рим за да учествуваат во изборот на нов папа, објави Ватикан. Конклавата почнува утре, кога кардиналите ќе се соберат во Систинската капела за да почнат со гласање.
-
Свет 06.05.2025 09:00
Израел потврди дека ќе има нова офанзива во Газа
Израелската војска потврди дека поголемиот дел од населението во Газа ќе биде раселено за време на новата операција во енклавата. Операцијата ќе опфати широка офанзива, а стотици илјади Палестинци треба де преселат на југот. Тајмингот и натаму не е точно утврден.
-
Свет 06.05.2025 08:40
Бундестагот гласа за нов канцелар
Бундестагот ќе гласа за доверба на новиот канцелар на Германија, Фридрих Мерц, кој доаѓа од ЦДУ. Доколку Мерц ја добие поддршката од 316 од 620 пратеници, новата влада веднаш ќе положи заклетва и ќе ја преземе администрацијата. Во истовреме се очекува и именување на новите министри.
-
Свет 06.05.2025 08:23
На фронтот напади, Трамп оптимист за примирјето во Украина
Тридневниот прекин на огнот во Украина предложен од рускиот претседател Путин е сериозно достигнување, вели американскиот претседател. Шефот на Кремљ го понуди примирјето во пресрет на парадата на 9 Мај во Москва.
-
Свет 05.05.2025 18:18
Нови масовни напади со дронови на украинскиот фронт
Нови масовни напади со дронови на украинскиот фронт. Москва тврди дека била на удар на украински беспилотни летала, додека Киев јавува за над стотина удари од Русија. Иако двете страни сакаат примирје, ниту едната не попушта.
-
Свет 05.05.2025 15:40
Избори во Романија: Симион и Дан одат во вториот круг
Георге Симион-опозицискиот кандидат од крајната десница е убедлив победник во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија. Заедно со независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан одат во вториот круг.
-
Свет 05.05.2025 11:24
Израел повикува десетици илјади резервисти за проширување на офанзивата во Газа
Израел повикува десетици илјади резервисти за проширување на офанзивата во Газа. Го зголемува притисокот врз Хамас со цел враќање на заложниците и поразување на милитантите.
-
Свет 05.05.2025 10:04
Симион и Дан одат во втор круг на претседателските избори во Романија
Георге Симион-опозицискиот кандидат од крајната десница е убедлив победник во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија. Заедно со независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан одат во вториот круг.










