• Свет 31.07.2025 11:29

    Од утре почнуваат да важат новите царини на Трамп

    Американскиот претседател, издаде наредба за царина од 50 проценти за Бразил и ја обвини бразилската влада за сериозни злоупотреби на човековите права што го поткопале владеењето на правото.

  • Свет 31.07.2025 11:04

    Зеленски задоволен од потезите на Трамп

    Украинскиот претседател задоволен од неодамнешните потези на американскиот претседател Трамп за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот. Шефот на Белата Куќа му постави рок на Путин од 10 дена да ги запре нападите, скратувајќи го претходниот рок од 50 дена.

  • Свет 31.07.2025 10:28

    И Канада ќе ја признае палестинската држава

    Канада ќе ја признае палестинската држава во септември, објави премиерот Карни. Потегот следува откако разговарал со британскиот премиер Стармер, кој објави сличен потег, а истото претходно го направи и францускиот претседател Макрон.

  • Свет 30.07.2025 16:09

    Прекин на огнот или признавање на Палестина

    По Франција и Велика Британија се закани дека ќе ја признае палестинската држава, доколку Израел не се согласи на прекин на огнот во Газа.

  • Свет 30.07.2025 10:40

    Силен земјотрес од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка, потресот предизвика цунами

    Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија. Потресот предизвика цунами до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи предупредувања и евакуации низ Тихиот Океан. Има повредени.

  • Свет 30.07.2025 09:38

    17 држави бараат Хамас да го предаде оружјето

    Конференцијата на Обединетите Нации за израелско-палестинскиот конфликт заврши со повик за крај на владеењето на Хамас во Газа.

  • Свет 30.07.2025 09:09

    Трамп: Рок од 10 дена Русија да ги запре борбите

    Американскиот претседател дециден, рокот до Русија да ги запре борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена од денеска. Трамп рече дека е штета што досега не добил никаков одговор од Путин.

  • Свет 29.07.2025 15:10

    Четворица убиени во пукотница во облакодер во Њујорк, напаѓачот е мртов

    Драма во срцето на Њујорк. Шејн Тамура, 27-годишен поранешен професионален американски фудбалер уби четворица во зградата на седиштето на националната лига на Менхетн. Потоа си го одзеде животот. Жртви по случаен избор на Тамура се усмртени со офанзивната рафална пушка „м-4“.

  • Свет 29.07.2025 15:01

    Остри тонови меѓу Москва и Вашингтон

    10 до 12 дена за запирање на крвопролевањето – американскиот претседател Трамп го скрати претходно поставениот ултиматум од 50 дена за Русија. Се закани со дополнителни санкции доколу нема договор за прекин на огнот во Украина.

  • Свет 29.07.2025 14:46

    Конференција на ООН за мирот на Блискиот Исток

    Конференција на ООН организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот Исток. Париз ја повика Европската Унија да изврши притисок врз Израел да се согласи на решение за две држави, неколку дена откако претседателот Макрон вети дека ќе ја признае Палестина.

Pages