Христијаните носејќи големи дрвени крстови поминаа низ Ерусалим, читајќи молитви додека го одбележаа Велики Петок.
-
Свет 18.04.2025 18:43
-
Свет 18.04.2025 16:46
Продолжуваат руските напади врз Украина
Едно лице загина, а над 60 се повредени при руски напади во Харков, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина. Градоначалникот на Харков информира дека како резултат на нападот оштетени се 20 станбени згради и 30 приватни куќи.
-
Свет 18.04.2025 16:11
Жртви во несреќа со жичница во Италија
Четири лица загинаа откако се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја.
Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено.
-
Свет 18.04.2025 11:35
Жбогар: За траен мир мора да учествуваат сите страни
Консултации на Советот за безбедност за прекинот на огнот во руско-украинската војна. Рускиот претставник изрази скептицизам за прекин на огнот. Посочи дека имало обид за ограничен прекин на огнот на енергетската инфраструктура што не бил почитуван од украинската страна.
-
Свет 18.04.2025 10:01
Шестмина ранети во пукање на универзитет во Флорида
Најмалку шест лица хоспитализирани откако полицијата одговорила на пукање во зградата на Студентскиот сојуз во кампусот на Државниот универзитет во Флорида во Талахаси. Според полицијата, едно лице е приведено.
-
Свет 18.04.2025 08:43
Зеленски ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека украинското разузнавање добило информации дека „Кина и испорачува оружје на Руската Федерација“.
-
Свет 18.04.2025 08:19
Средба Трамп – Мелони
Американскиот претседател Трамп и италијанската премиерка Мелони, изразија оптимизам во однос на решавање на трговските тензии што ги заострија односите меѓу САД и ЕУ, непосредно пред нивната средба во Белата куќа.
-
Свет 17.04.2025 17:52
Царините на Трамп го тресат светот, Светската трговска организација прогнозира дека глобалната трговија годинава ќе се намали
Глобалната трговија годинава ќе се намали поради царините наметнати од американскиот претседател, прогнозира Светската трговска организација. Влијанието на неодамнешните промени во трговската политика варира во различни региони.
-
Свет 17.04.2025 13:35
Продолжуваат протестите и блокадите во Србија, денес прва седница на новата влада
РТС четврти ден е блокирана од сите страни, како и студијата во Кошутњак од страна на студентите во блокада и граѓани. Тие бараат нови членови на РЕМ. Утринава не е емитувана утринската програма, а со проблеми се одвиваат програмските содржини на РТС.
-
Свет 17.04.2025 10:53
Прекин на електричната енергија во Порторико
Електраните низ Порторико неочекувано престанаа со работа, предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Мрак го зафати речиси целиот остров со повеќе од еден милион корисници, додека територијата на САД се подготвуваше да ја прослави Светата недела, а хотелите беа речиси преполни.










