Хаос во Сирија. Судири меѓу новата власт и лојалистите на Асад во крајбрежниот регион на земјата, кој е вон владина контрола. Над 70 луѓе се загинати во жестоките борби и заседи. Властите испратија засилување во градовите Латакија и Тартус во обид да ја стават ситуацијата под контрола.
-
Свет 07.03.2025 11:40
-
Свет 07.03.2025 11:36
Три деца загинаа во пожар во ромска населба во Хрватска
Страшна трагедија во Хрватска. Три деца загинале во пожар што избувнал во семејна куќа во ромската населба Куршанец во близина на градот Чаковец. Децата биле на возраст од девет, седум и три години.
-
Свет 07.03.2025 11:03
Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии во странство
Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство, објавуваат американски медиуми. Подготвен е и план за затворање на десетина конзулати.
-
Свет 07.03.2025 10:32
Ѕвездениот брод „Спејс-Х“ експлодираше само неколку минути по полетувањето
Ѕвездениот брод на компанијата „Спејс-Х“ експлодираше само неколку минути по полетувањето од Тексас. Ова е втор, последователен неуспех за ракетната програма за Марс на компанијата на Илон Маск.
-
Свет 07.03.2025 09:54
Романските власти разбија криминална група, осомничена за предавство
Двајца уапсени, четворица ставени под надзор со забрана да ја напуштаат земјата – романските власти разбија криминална група, осомничена за предавство.
-
Свет 07.03.2025 09:20
Посветеноста на САД кон НАТО повторно доведена во прашање
Посветеноста на САД кон НАТО повторно доведена во прашање. Вашингтон нема да им помага на земјите кои не трошат доволно за сопствената одбрана-изјави Трамп, посочувајќи дека членките треба да издвојуваат најмалку 5 насто од БДП-то.
-
Свет 07.03.2025 08:15
Потврдена поддршката за Украина на вонредниот самит во Брисел
Одлучно се движиме кон силна и посуверена одбрана на Европа-изјави претседателот на Европскиот совет Кошта, откако сите 27 земји-членки се обединија во поддршката за зајакнување на европската одбрана.
-
Свет 06.03.2025 19:24
Поддршката за Украина потврдена на Самитот во Брисел
Пресвртница за Европската унија. Челниците на 27-те земји на ЕУ на вонредниот самит во Брисел. Го разгледуваат планот за заедничка европска одбрана, за првпат по создавањето на Унијата и по Втората светска војна.
-
Свет 06.03.2025 17:40
Немири пред градското собрание во Белград
И додека Собранието на Србија денес продолжи со работа без опозицијата, истовремено пред Собранието на град Белград дојде до физичка пресметка меѓу опозицијата и обезбедувањето на Собранието.
Работата на седницата беше попречувана од градските советници од опозицијата.
-
Свет 06.03.2025 17:04
Вонреден самит на Европскиот совет за Украина во Брисел
Пресвртница за Европската унија. Поддршката за Украина и одбраната-во средиштето на итниот, вонреден Самит на ЕУ во Брисел.










