Папата Франциск поминал добра ноќ и се одмора, соопшти Светата столица.
Папата вчера претрпе две кризи, по што повторно бил ставен на механичка вентилација. Неговата клиничка состојба останува сложена, а лекарите се внимателни во прогнозите.
Папата Франциск поминал добра ноќ и се одмора, соопшти Светата столица.
Папата вчера претрпе две кризи, по што повторно бил ставен на механичка вентилација. Неговата клиничка состојба останува сложена, а лекарите се внимателни во прогнозите.
Соединетите држави ја запираат целата воена помош за Украина, соопшти Белата Куќа. Според светските агенции, паузата ќе трае сè додека Трамп не заклучи дека украинците покажуваат добра волја да постигнат мир.
Вонреден самит на Арапската лига во Каиро посветен на најновиот развој на настаните во Појасот Газа. Учесниците ќе се фокусираат на плановите за безбедно враќање на палестинските цивили во домовите, идното управување и обновата во енклавата по договорот за прекин на огнот.
Двегодишната Дуња Марковиќ која вчера исчезна во Уб, Србија, додека си играше со своите браќа и сестри пред семејната куќа, е пронајдена жива на околу два до три километри од дома, потврдија од српското МВР.
Тарифите на САД од 25 насто на увозот од Мексико и Канада почнуваат денеска.
Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина, соопшти Белата Куќа. Според светските агенции, паузата ќе трае сè додека Трамп не заклучи дека украинските лидери покажуваат добра волја да постигнат мир.
Вечерва преку системот „Најди ме“ граѓаните со смс порака и преку медиумите се информирани дека во Уб исчезнало двегодишното девојче Дуња Марковиќ.
По 155 дена преговори, најдолги во историјата на земјата, Австрија доби нова трипартитна Влада, составена од Австриската народна партија, Социјалдемократската партија на Австрија и Неос.
Најмалку едно лице загина откако автомобил управувано од засега непознато лице се забил во толпа пешаци во центарот на германскиот град Манхајм. Според очевидци, осомничениот возел црн џип и со голема брзина намерно удрил во толпата.
Обединетото Кралство, Франција и сојузниците ќе работат на план за ставање крај на конфликтот во Украина, кој потоа ќе им биде претставен на Соединетите Држави. На самитот во Лондон е договорено продолжување на воената помош за Киев и економски притисок врз Русија.