Највозрасната жена на светот, Јапонката Томико Итока почина неколку месеци пред да наполни 117 години.
-
Свет 04.01.2025 20:10
-
Свет 04.01.2025 19:33
Напад врз камп во Западниот Брег, има повредени
Не мирува Блискиот Исток. Напад врз камп во Западниот Брег, има повредени. Администрацијата на САД во заминување го известила Конгресот дека планира да му продаде на Израел оружје во вредност од осум милијарди долари.
-
Свет 04.01.2025 18:44
Приврзаници на Јун Сук Јеол протестираат во знак на поддршка
Стотици приврзаници на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол се собраа пред неговата претседателска резиденција во Сеул во знак на поддршка. Протестот следува откако јужнокорејските истражители вчера ја напуштија рездиденцијата по речиси шестчасовен обид да го приведат.
-
Свет 04.01.2025 16:57
Комеморација во Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
Со една минута молк во владиниот дом во Цетиње се одржа комеморација за 12-те жртви во масакрот што се случи на новогодишната ноќ. Последна почит од семејствата на загинатите и од државниот врв во Црна Гора. Загубата на 12 животи, меѓу кои и две деца, нè остави во шок и неверување.
-
Свет 04.01.2025 14:32
Продолжува бробата со дронови меѓу Москва и Киев
Продолжуваат борбите во Украина. Русија во првите три дена од 2025 година изврши повеќе од 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, изјави украинскиот претседател Зеленски.
-
Свет 04.01.2025 13:50
По масакрот во Цетиње, најавен нов закон за оружје во Црна Гора
Црногорскиот премиер Спајиќ најави нов закон за оружје во земјата. Строги проверки ќе бидат спроведени за секој што легално поседува оружје.
За оние пак што поседуваат нелегално оружје треба во следните два месеца доброволно да го предадат за да не бидат ригорозно казнети.
-
Свет 04.01.2025 11:35
Засилени безбедносни мерки во Вашингтон
По нападот во Њу Орлеанс на Нова година и по експлозијата во Лас Вегас истиот ден, американските служби внимателно ги кројат плановите за безбедност во округот Колумбија за големите настани месецов. На 6 јануари Конгресот треба формално да ја потврди изборната победа на Доналд Трамп.
-
Свет 03.01.2025 18:10
Студен бран и нови снежни врнежи во западниот дел на Балканот
Во делови од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија почна да врне дожд, а на места и снег, а надлежните служби издадоа предупредувања за обилни врнежи, ниски температури и силен ветер.
-
Свет 03.01.2025 17:51
Израел и Хамас продолжуваат со разговорите за прекин на огнот
Во Новата година, нов оптимизам за смирување на конфликтите на Блискиот Исток. Израел и Хамас испраќаат преговарачи во Катар за да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. На терен, борбите продолжуваат.
-
Свет 03.01.2025 12:40
Се дејствува во повеќе правци на фронтот во Украина, продолжува битката со беспилотни летала
Европа има алтернативни извори за снабдување со енергенси, подготвена е за новонастанатата состојба по прекинувањето на дотур на руски природен гас низ Украина. Словачкиот премиер Фицо за разлика од колегите во Брисел е незадоволен од одлуката на Киев.










