Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Врање.
Според информациите од Српскиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран околу 01 часот и 50 минути, на длабочина од 13 километри.
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Врање.
Според информациите од Српскиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран околу 01 часот и 50 минути, на длабочина од 13 километри.
Над 150 жртви во поплавите во Шпанија. Бројот на исчезнати и натаму не е утврден, спасувачките напори продолжуваат. Помошта по копно, море и воздух се зајакнува, уште 500 војници од единицата за итни случаи се приклучуваат на терен. Се работи на обновување на услугите за вода и струја.
Од копно и од воздух продолжуваат борбите во Украина. Расте црниот биланс по нападите врз цивилната инфраструктура.
Русија нотира за освоени стратешки села, во момент кога Киев возвраќа на нападите. Украинскиот претседател вели дека земјата добила само 10 насто од помошта од САД.
Додека беснеат битки на фронтот во Газа, цивилите се борат да преживеат. Недостигаат храна, вода и лекови. Расте притисокот врз меѓународните организации. Здравствениот систем во Газа е уништен, стои во извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ООН.
На неколку дена пред изборите во САД, анкетите покажуваат мртва трка меѓу двајцата кандидати – републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис. Кампањата жестока и во финишот. Трамп го искористи гафот на претседателот Бајден кој ги нарече неговите поддржувачите отпадоци.
Северна Кореја истрела нова ракета со долг дострел дизајнирана да ги нападне САД-соопштија властите на Сеул. Според јужнокорејските експерти, тестот поставил нови рекорди за ракетните способности на Пјонгјанг поради досега најдолгото постигнато време на летот од 87 минути.
Шпанското знаме на половина копје-тридневна жалост во знак на почит на жртвите во катастрофалните поплави што го зафатија југоистокот на земјата. Црниот биланс расте, додека спасувачките напори за пронаоѓање исчезнати продолжува.
Американските функционери се упатуваат кон Блискиот Исток во обновен притисок да ги решат конфликтите во Газа и Либан и да го спречат иранскиот одговор на нападите на Израел.
Воената управа на Купјанск истакнува дека руските војници се на само три километри од центарот на градот во областа Харков, откако претходно ја зазедоа Кругљаковка. Во воздушни напади врз областа уништен дел од зграда, има голем број повредени лица-соопшти Киев.
Шпанското знаме на половина копје-тридневна жалост во знак на почит на жртвите во катастрофалните поплави што го зафатија југоистокот на земјата. Црниот биланс продолжува да расте, додека спасувачките напори за изнаоѓање исчезнати продолжува.