Израелски ракети го осветлија небото над Техеран. Тел Авив го изврши долгонајавуваниот одмазднички контранапад кон Иран. Повеќечасовната воздушна акција била насочена кон воени локации. Погодени се капацитети за производство на ракети земја-воздух.
-
Свет 26.10.2024 11:10
-
Свет 26.10.2024 10:33
Фон дер Лајен денеска во Косово на средба со премиерот Курти
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во Косово, каде што ќе се сретне со премиерот Албин Курти.
-
Свет 26.10.2024 10:00
Израел нападна воени цели во Иран, расте загриженоста за ескалација на кризата
Израелската армија го изврши долгонајавуваниот одмазднички контранапад кон Иран. Повеќечасовната воздушна акција била насочена кон воени локации, погодени се капацитети за производство на ракети земја-воздух. Нуклеарните постројки и нафтените инсталации не биле цел на израелската армија.
-
Свет 25.10.2024 20:33
Земјотрес ја стресе Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 7 километри источно од градот Фиер.
-
Свет 25.10.2024 20:00
Во Бугарија вo недела седми предвремени избори во последните три години
Во Бугарија во недела се одржуваат седмите по ред вонредни избори во последните три години. Аналитичарите очекуваат дека измореноста и обесхрабреност на гласачите ќе резултираат со ниска излезност и со раситнат парламент, во којшто ќе доминираат проруските партии и крајната десница.
-
Свет 25.10.2024 12:21
Се вжештува трката за Белата куќа
Кога музиката и филмот ќе се замешаат со политиката, малку останува од демократијата. На собирот на Харис во Џорџија, американската рок легенда Брус Спрингстин предупреди-Трамп е американски тиранин.
-
Свет 25.10.2024 12:08
Беснее војната во Украина
Москва тврди дека трупите на Киев во Курск се опколени и ја губат стабилната контрола.
-
Свет 25.10.2024 11:09
Еден загинат и 12 повредени откако автобус со туристи удрил во камион во Малезија
Еден загинат и 12 повредени откако автобус со јапонски туристи удрил во камион на автопат во Малезија.
Несреќата се случила во државата Перак додека автобусот се движел кон Камерон Хајлендс, популарна туристичка дестинација со плантажи со чај, и удрил во задниот дел на камионот.
-
Свет 25.10.2024 10:31
Тропската бура „Дана“ го погоди источниот брег на Индија
Тропската бура „Дана“ го погоди источниот брег на Индија, носејќи поројни дождови и силни ветрови со јачина над 110 километри на час. Во налет на невремето властите ги затворија училиштата, го запреа железничкиот и воздушниот сообраќај и евакуираа стотици илјади луѓе.
-
Свет 25.10.2024 08:25
Нова мировна иницијатива за ставање крај на војната во Газа
Египет и Катар со нова мировна иницијатива за ставање крај на војната во Газа. Соопштија дека се сретнале со лидерите на Хамас во Каиро и дека преговорите за примирје ќе продолжат во текот на викендот.










