Претседателот на Панама, остро ја отфрли заканата од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја врати контролата врз Панамскиот канал доколку не се намалат транзитните такси, особено за американските бродови.
-
Свет 23.12.2024 09:27
-
Свет 23.12.2024 09:23
Нетанјаху на суд во Тел Авив
Израелскиот премиер Нетанјаху на суд во Тел Авив во процесот за обвинувања за корупција, измама, нарушување на довербата и примање мито во три одделни случаи.
Неговото сведочење покрива години скандали поврзани со него и неговото семејство што резултираше со масовни протести.
-
Свет 23.12.2024 08:30
Новите власти на Сирија бараат укинување на санкциите
Лидерот на бунтовничката група која ја предводеше битката за соборување на сирискиот претседател Башар Ал Асад ја повика меѓународната заедница да ги укине санкциите против Сирија.
-
Свет 23.12.2024 08:30
Нетанјаху со закани кон Хутите
Конфликтите продолжуваат на Блискиот Исток. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи да дејствува против јеменските Хути, кои ги обвини дека го загрозуваат светскиот поредок.
-
Свет 23.12.2024 08:30
Битки на фронтот, Москва тврди дека напредува
Украинскиот претседател Зеленски вети дека ќе продолжат нападите врз руската воена инфраструктура. Додаде дека членството на Украина во НАТО е остварливо, но ќе мора да се бори за тоа да се случи.
-
Свет 23.12.2024 08:30
Протест во Белград против политиките на Вучиќ
Неколку десетини илјади луѓе излегоа на протест во Белград против претседателот Александар Вучиќ и неговата влада. Собирот го организираа студентите и синдикатите на земјоделците.
-
Свет 22.12.2024 20:09
Во Кремљ средба на Путин со словачкиот премиер Роберт Фицо
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска пристигна во Москва и во Кремљ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави дека Путин разговара со Фицо, кој е во работна посета на Москва, за транзитот на гас и меѓународни прашања.
-
Свет 22.12.2024 19:14
Маж застрелан пред трговски центар во Берлин
Пред трговски центар во Берлин, синоќа неколку непознати напаѓачи застрелале маж, јавија денеска германските медиуми.
-
Свет 22.12.2024 17:34
Протести во Србија, студенти, земјоделци и граѓани на улица
Во 16 часот на плоштадот Славија започнаа студентските протести на кои им се приклучија и земјоделци, актери и граѓани.
Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград.
-
Свет 22.12.2024 13:44
Четири лица загинаа откако хеликоптер на брза помош се урна во Турција
Турски хеликоптер за брза помош се урна на покрив од болница во југозападна Турција за време на тренинг лет.
Загинаа четири лица, од кои двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.










