Разрушени домови, паднати далноводи, уништени автомобили и патишта – апокалиптични сцени остави зад себе моќниот ураган „Милтон“ кој со над 200 километри на час удри на Флорида. Има загинати и повредени. Првичните проценки на штетите се милионски.
-
Свет 11.10.2024 13:10
-
Свет 11.10.2024 12:26
Израел со жестоки воздушни напади, бројот на жртви расте
Станбени згради во срцето на Бејрут срамнети со земја – неми сведоци за жестоките воздушни напади на Израел. Бројот на жртви расте, а над сто се повредени. Цел на Тел Авив бил висок командант на Хезболах. Милитантите велат-го преживеал нападот. Возвраќаат со ракети и дронови.
-
Свет 11.10.2024 11:47
Американскиот претставник за Западен Балкан, Касаноф, денеска во Приштина
Александер Касаноф, претставник на САД за Западен Балкан, се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти во одвоени разговори, при што ја истакна потребата од стратешки дијалог меѓу Косово и САД.
-
Свет 11.10.2024 09:55
Расте бројот на жртви од ураганот Милтон на Флорида
Расте бројот на жртви од ураганот Милтон кој го погоди брегот на Флорида и остави пустош зад себе. Властите прават првични проценки за штетите, додека спасувачките тимови го расчистуваат теренот по немилосрдното невреме. Жителите почнаа да се враќаат во своите домови.
-
Свет 11.10.2024 09:02
Зеленски во Париз негираше дека се зборува за прекин на огнот
Украинскиот претседател Зеленски ја продолжува Европската турнеја и претставувањето на победничкиот план на Киев во Берлин на средба со канцеларот Шолц.
-
Свет 11.10.2024 08:56
Во израелските воздушни напади врз Бејрут срамнета станбена зграда
Израел ги изврши досега најсмртоносните напади во регионот. Срамнета станбена зграда во центарот на Бејрут. Цел на Тел Авив бил висок командант на Хезболах, кој наводно го преживеал нападот. Во Газа погодено училиште, рации и пресметки и на Западниот Брег.
-
Свет 10.10.2024 20:19
Двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан, ранети во израелски напад
Двајца мировници од мисијата на Обединетите нации во Либан – УНИФИЛ биле повредени во денешниот израелски напад врз три цели на мисијата во јужен Либан.
-
Свет 10.10.2024 15:14
Министрите на ЕУ на разговори за враќање на илегалните мигранти
Министрите за внатрешни работи на земјите членки во Луксембург на состанок за прашањето за миграцијата, особено за враќањето на илегалните мигранти, баратели на азил, чии барања се одбиени. Министрите разговараат како да се подобри системот за враќање на илегалните мигранти.
-
Свет 10.10.2024 15:11
Почна тридневниот самит на АСЕАН
Во Лао, Виетнам, почна тридневниот самит на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН.
-
Свет 10.10.2024 12:26
Милтон ја опустоши Флорида
Со повеќе од 200 километри на час, моќниот ураган Милтон удри на југоисточниот брег на Америка. Жителите на Флорида ги почувствуваа климатските промени на сопствена кожа. Сведочеа за бесот на природата откако невремето проследено со силни ветришта и поројни дождови, остави пустош зад себе.










