Израелската армија извршила над 100 напади врз милитантите во Либан. Елиминиран е и член на Хезболах во Сирија, кој наводно давал разузнавачки информации на штета на Израел. Десетици загинати во воздушен удар врз Џабалија во Северна Газа.
-
Свет 10.10.2024 12:07
-
Свет 10.10.2024 11:01
Најмалку едно лице загина во ураганот „Кирк“, повеќе од 65 илјади домаќинства останаа без струја
Во Европа беснее ураганот „Кирк“, кој ослабна во тропска бура. Најмалку едно лице загина во јужниот дел на Франција. Повеќе од 65 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.
-
Свет 10.10.2024 09:41
Жестоки израелски напади во Либан и во Газа
Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа. Милитантните групи поддржани од Иран, Хезболах и Хамас возвраќаат. Меѓународните организации бележат жртви и повредени.
-
Свет 10.10.2024 09:25
Ураганот „Милтон“ удри на Флорида, регистрирани првите жртви
Западниот брег на Флорида на удар на ураганот Милтон. Силен ветер и дожд ја зафати сојузната држава, се стравува од појава на опасни поплави. Властите велат дека најлошото од „Милтон“ можеби ја помина Тампа, но сепак е премногу опасно да се излезе надвор.
-
Свет 10.10.2024 08:20
Битки на фронтот, жртви во напад врз Одеса
Пет лица загинаа, а девет се повредени во ракетен напад на пристаниште во областа Одеса. Москва соопшти дека руските војници ја вратиле контролата врз уште две населени места во областа Курск.
-
Свет 10.10.2024 08:15
Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа
Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа. Милитантните групи поддржани од Иран, возвраќаат. Израелскиот одговор врз Техеран на неодамнешниот ракетен напад би бил смртоносен и изненадувачки, вели министерот за одбрана Галант.
-
Свет 10.10.2024 08:08
„Милтон“ ја зафати Флорида, се закануваат опасни поплави
Ураганот „Милтон“ ја зафати Флорида и донесе силен ветер и дожд, се закануваат опасни поплави. Иако ураганот ослабна на категорија 3, сепак за граѓаните постои голема опасност. Според Националниот центар за урагани на заливот Тампа забележани се удари на ветер од 161 километар на час.
-
Свет 09.10.2024 19:31
Жестока дебата во Европскиот парламент во Стразбур
Жестока дебата во Европскиот парламент во Стразбур. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека е близок со рускиот претседател Путин и затоа не сака да им се придружи на партнерите од ЕУ во помагањето на Киев.
-
Свет 09.10.2024 18:20
Блискиот Исток не мирува
Десетици ракети пресретнати во северниот дел на Израел. Терористички напад во Хадера, мал град во централниот дел, има жртви. Проиранските групи на мета на израелските воздушни сили. На удар Бејрут, но и Дамаск.
-
Свет 09.10.2024 14:46
Зеленски и Пленковиќ потпишаа Договор за долгорочна соработка
Жестоки борби на украинскиот фронт. Соборени дронови на двете страни. Москва тврди за успешниот напредок во Доњецк. Киев, пак, дека во Брјанск уништиле складиште со муниција, вклучително и ракетно оружје испорачано од Северна Кореја.










