Руската ракета „Орешник“, енигма за противвоздушната одбрана на Украина, отвори нови безбедносни прашања и во Европската унија. Германскиот канцелар пред истекот на мандатот и предвремените избори на 23-ти февруари, ненајавено пристигна во Киев.
-
Свет 02.12.2024 12:30
-
Свет 02.12.2024 10:04
Контраофанзива на Сирија против бунтовниците
Сирија почна контраофанзива против бунтовниците кои извршија неочекуван напад преземајќи контрола на неколку села и градови, меѓу кои и Алепо. Претседателот Асад најави дека ќе се избори против терористите.
-
Свет 02.12.2024 08:59
Зеленски: Да се најдат дипломатски решенија за враќањето на окупирана украинска територија
За првпат по две и пол години, германскиот канцелар Олаф Шолц во ненајавена посета на Киев. Германскиот лидер изјави дека Украина може да смета на помошта од Берлин, најавувајќи нови испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември.
-
Свет 02.12.2024 08:41
Сирија: Владините сили во контранапад против терористите
Сириската влада почна контраофанзива против бунтовниците. Создадена силна одбранбена линија на армијата во северниот дел на Хама во обид да се спречи напредокот на групите кои го зазедоа Алепо. Белите шлемови јавуваат за десетици жртви и повредени во последниот воздушен напад врз Идлиб и Алепо.
-
Свет 02.12.2024 08:35
Бајден се предомисли, го помилува син му Хантер
На неколку дена пред пресудата, претседателот Бајден го помилува својот син Хантер поштедувајќи го од можна затворска казна за федерално кривично дело носење оружје и даночни пресуди, погазувајќи ги неговите минати ветувања дека нема да ги користи вонредните овластувања на претседателството во ко
-
Свет 02.12.2024 08:30
Нови протести во Грузија против замрзнувањето на преговорите со ЕУ
Нова ноќ протести во Грузија против замрзнувањето на преговорите со ЕУ. Илјадници демонстранти пред парламентот во Тбилиси повторно повикаа на нови избори додека полицијата со водени топови и солзавец се обидуваше да ја растера насобраната толпа.
-
Свет 02.12.2024 08:26
Левицата води на парламентарните избори во Романија
Романските левичарски социјалдемократи на премиерот Колаку во големо водство на парламентарните избори, пред обновеното крајно десничарско движење кое ја оспори прозападната ориентација на земјата-покажуваат излезните анкети.
-
Свет 02.12.2024 08:20
Препирки за експлозијата во Зубин Поток
Приштина и Белград продолжија со препирките околу експлозијата на водниот канал Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Косовскиот премиер Албин Курти вели-точно е дека имало хибриден напад, како што претходно изјави српскиот претседател Вучиќ, но на Косово.
-
Свет 01.12.2024 13:47
Грузија: Ескалираат протестите, улиците на Тбилиси како бојно поле
Ескалираат протестите во Грузија против владината одлука да ги прекине преговорите со ЕУ. Улиците на Тбилиси како бојно поле. Солзавец, водени топови и нови судири со полицијата. Краткотраен пожар предизвикан од петарди избувна во Грузискиот Парламент. Чад се издигна и пред Собранието.
-
Свет 01.12.2024 12:36
Примирје, но неизвесен траен прекин на огнот на Блискиот Исток
Експертите го предвидоа прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел, но загрижувачки е што никој не зборува за траен мир, ниту за решение за израелско-палестинскиот конфликт.









