Ултрадесничарската Партија на слободата победи на парламентарните избори во Австрија со освоени 29,1 насто од гласовите. На второ место е Народната партија на канцеларот Карл Нехамер со поддршка од 26,2 процента. На трето место се Социјалдемократите со 20,4 насто од гласовите.
-
Свет 30.09.2024 08:27
-
Свет 30.09.2024 08:15
Продолжуваат нападите на Запорожје, најмалку 16 лица ранети
Најмалку 16 лица се ранети во најновите руски напад на Запорожје. Оштетени се згради и железничката инфраструктура, соопштија украинските власти.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили презеле контрола врз населба во областа Луганск.
-
Свет 30.09.2024 08:13
Расте стравот од сеопфатна војна
Израел ja продолжи офанзивата со напади на неколку локации во Либан, за кои Тел Авив тврди дека се упоришта на Хезболах, и во Јемен на места за кои тврди дека се упоришта на Хутите преку кои се шверцува иранско оружје. Има жртви и повредени.
-
Свет 29.09.2024 19:11
Пекинг и Москва одржаа воени вежби во Тихи Океан
Кинеската и руската крајбрежна стража неодамна одржаа заеднички вежби и патроли во Северниот Тихи Океан.
-
Свет 29.09.2024 18:08
Сириец подметнувал пожари во згради во Германија
30 лица се повредени во два пожари што избувнаа во две станбени згради во Есен, Северна Рајна Вестфалија. Според властите, станува збор за два подметнати пожари, извршени од 41-годише
-
Свет 29.09.2024 17:23
Парламентарни избори во Австрија
Парламентарни избори во Австрија. 6,3 милиони граѓани решаваат за иднината на земјата. Според анкетите, Австриската крајнодесничарска Партија на слободата, би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех пред владејачките конзервативци.
-
Свет 29.09.2024 15:22
Вооружените сили на Украина го нападнаа регионот Запорожје
Руската воздушна одбрана пресретна 125 украински беспилотни летала над седум региони. Вооружените сили на Украина го нападнаа регионот Запорожје со ракети, тврдат од руската армија.
-
Свет 29.09.2024 15:11
Израелската војска изврши десетици нови напади против Хезболах, распоредени трупи во близина на границата со Либан
Растат повиците за прекин на огнот на Блискиот Исток откако Израел најави дека офанзивата во Либан може да се прошири. Израелската одбрана почна операции преку границата за отстранување на позициите на Хезболах.
-
Свет 29.09.2024 12:15
Израелската војска распореди трупи во близина на границата со Либан
Не стивнуваат воените дејствија на Блискиот Исток. Тел Авив е подготвен за копнена офанзива во Либан, израелски трупи се распоредени во близина на границата. Почнати се мали операции преку границата за отстранување на позициите на Хезболах.
-
Свет 29.09.2024 09:42
Невреме во регионот, погодени Словенија, Хрватска, Србија и делови од БиХ
Невреме придружено со дожд ги погоди Словенија, Хрватска, Србија и делови од Босна. Во Словенија се излеа реката Соча, поради што пожарникарите мораа да реагираат. Силен дожд и во Загреб.










