Транспортен авион на „ДХЛ“, Боинг 737-400 кој летнал од Лајпциг, Германија кон Литванија, се урна во зграда во Вилнус. Најмалку едно лице загина, тројца се повредени. Властите велат дека авионот се излизгал на земјата 100 метри пред да удри во двокатен станбен блок по што избувнал пожар.
-
Свет 25.11.2024 12:00
-
Свет 25.11.2024 10:20
Шефот на НАТО, Марк Руте во посета на Турција и Грција
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-
Свет 25.11.2024 09:48
Продолжуваат борбите низ цела Украина
Борбите продолжуваат низ цела Украина. Украински проектили и беспилотни летала се уништени во текот на ноќта над областа Курск, изјави гувернерот на руската област. Со дронови нападната и фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга.
-
Свет 25.11.2024 09:22
Товарен авион се урна во близина на аеродром во Литванија
Карго авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, Литванија, приватен дом е опожарен. Најмалку едно лице, член на екипажот загина, а тројца се повредени.
Според извештаите авионот се урнал пред пистата додека се обидувал да слета. Причината за несреќата се истражува.
-
Свет 25.11.2024 08:51
Демонстрантите во Грузија не го признаваат новиот парламент
Илјадници луѓе се собраа синоќа пред грузискиот парламент на протест пред првата седница на новоизбраниот состав, закажана за денеска. Демонстрантите ја поминаа ноќта пред законодавниот дом со обвинувања дека Владата ги фалсификувала изборните резултати.
-
Свет 25.11.2024 08:51
Втор круг претседателски избори во Романија на први декември
По пребројувањето на 99,49 насто од гласовите на изборите во неделата, независниот кандидат Калин Георгеску сè уште води со 22,81 проценти од дадените гласови на претседателските избори во Романија.
-
Свет 25.11.2024 08:50
Продолжија воздушните напади во Бејрут
Израел продолжи со воздушните напади врз Бејрут откако Хезболах истрела околу 250 ракети и други проектили кон Израел. Неколку лица се ранети во најтешкиот ракетен бараж од милитантната група во последните месеци. Продолжуваат битките и во Појасот Газа.
-
Свет 25.11.2024 08:50
Борбите продолжуваат низ целата територија на Украина
Борбите продолжуваат низ цела Украина. Земјата загуби повеќе од 40 отсто од својата територија во областа Курск, која ја зазеде со ненадеен напад во август.
-
Свет 24.11.2024 19:16
Баро: Киев може да користи француски ракети со долг дострел во самоодбрана
Шефот на француското МНР, Жан-Ноел Баро, во интервју за Би-Би-Си вели дека западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања за поддршката на Украина против Русија. Баро рече дека Киев може да користи француски ракети со долг дострел во самоодбрана.
-
Свет 24.11.2024 19:08
Продолжува борбата со дронови меѓу Москва и Киев
Киев и Москва ја продолжија борбата со беспилотни летала. Украинската одбрана соопшти дека дроновите над Киев биле успешно соборени. Руските сили пак тврдат дека од 34 летала, 27 биле пресретнати над Курската област.










