Кога музиката и филмот ќе се замешаат со политиката, малку останува од демократијата. На собирот на Харис во Џорџија, американската рок легенда Брус Спрингстин предупреди-Трамп е американски тиранин.
-
Свет 25.10.2024 12:21
-
Свет 25.10.2024 12:08
Беснее војната во Украина
Москва тврди дека трупите на Киев во Курск се опколени и ја губат стабилната контрола.
-
Свет 25.10.2024 11:09
Еден загинат и 12 повредени откако автобус со туристи удрил во камион во Малезија
Еден загинат и 12 повредени откако автобус со јапонски туристи удрил во камион на автопат во Малезија.
Несреќата се случила во државата Перак додека автобусот се движел кон Камерон Хајлендс, популарна туристичка дестинација со плантажи со чај, и удрил во задниот дел на камионот.
-
Свет 25.10.2024 10:31
Тропската бура „Дана“ го погоди источниот брег на Индија
Тропската бура „Дана“ го погоди источниот брег на Индија, носејќи поројни дождови и силни ветрови со јачина над 110 километри на час. Во налет на невремето властите ги затворија училиштата, го запреа железничкиот и воздушниот сообраќај и евакуираа стотици илјади луѓе.
-
Свет 25.10.2024 08:25
Нова мировна иницијатива за ставање крај на војната во Газа
Египет и Катар со нова мировна иницијатива за ставање крај на војната во Газа. Соопштија дека се сретнале со лидерите на Хамас во Каиро и дека преговорите за примирје ќе продолжат во текот на викендот.
-
Свет 25.10.2024 08:13
Севернокорејски единици распоредени во Курск, тврдат разузнувачки трупи на Украина
Разузнавачките трупи на Украина тврдат дека првите севернокорејски единици се распоредени во Курск, откако беа објавени сателитски снимки на кои се гледа нивното движење.
-
Свет 25.10.2024 08:09
БиХ: Тинејџер уби полицаец при упад на полициска станица
Еден полицаец е убиен, а друг е повреден, во напад на полициска станица во Босанска Крупа откако тинејџер упаднал во објектот и со нож ги избодел службениците. Повредениот полицаец е хоспитализиран во тешка состојба, а напаѓачот е уапсен.
-
Свет 24.10.2024 20:43
Европол заплени големо количество фалсификувана храна и пијалаци
Европол спроведе акција насочена кон супстандардна и фалсификувана храна и пијалоци. Запленети се 22.000 тони храна која била препакувана откако ѝ истекол рокот на траење и 850.000 пијалоци, од кои главно алкохолни.
-
Свет 24.10.2024 20:17
Путин: Некој во светот посакува доминација над секого и над сè
Преобразбата на светскиот поредок воопшто не е лесна, некој во светот посакува доминација над секого и над сè-поента на шефот на руската држава Путин, на отворањето на самитот на лидерите од Азија, Африка и Јужна Америка.
-
Свет 24.10.2024 19:15
Блинкен: Се прават напори конфликтот на Блискиот Исток да не се прошири
Блискиот Исток заглавен помеѓу секојдневни напади и дипломатија. Американскиот државен секретар по средбите во Катар порача дека се прават напори конфликтот да не се прошири, а израелската војна против Хезболах не треба да доведе до долготрајна кампања во Либан.










