Рачно изработена бомба експлодирала во средно државно училиште во центарот на Сантијаго во Чиле, предизвикувајќи пожар во кој се повредени најмалку 35 ученици, од кои 11 се критични.
-
Свет 24.10.2024 08:38
-
Свет 24.10.2024 08:34
Нови насилни протести во Лисабон
Португалските власти ги расчистуваат улиците на Лисабон по новите насилни протести. Уапсени се три лица, а неколкумина повредени меѓу кои и двајца полицајци.
-
Свет 24.10.2024 08:29
Одмазднички напади врз ПКК во Сирија и Иран
Турција нападна цели на курдската милитантна група ПКК во Ирак и Сирија откако ги обвини за терористичкиот напад во Анкара – соопшти турското Министерство за одбрана.
Вкупно 32 локации на терористите биле успешно уништени.
-
Свет 24.10.2024 08:24
Русија спречи нов упад во Курск
Специјалните сили на руската гарда тврдат дека спречиле инвазија на диверзанти во областа Курск додека судирите на фронтот продолжија. Се води битка за Часов Јар. Брисел даде зелено светло за исплата на заемот на Киев од 35 милијарди евра од руските замрзнати средства.
-
Свет 24.10.2024 08:17
Израел изврши напади во Сирија и Либан
Сириските државни медиуми јавуваат за израелски напади врз станбена зграда во Дамаск и воена локација во близина на Хомс. Еден војник загина, а неколкумина се ранети. Од ООН со предупредувања.
-
Свет 23.10.2024 21:04
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
Во Брисел утре ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово, што се води со посредништво на ЕУ, на ниво на главни преговарачи, потврди денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.
-
Свет 23.10.2024 20:49
Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција
Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи.
Уште 22 лица се повредени, а двајца се во критична состојба, изјави Али Јерликаја.
-
Свет 23.10.2024 20:43
Хезболах потврди дека високиот лидер Хашем Сафедин е убиен
Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот висок лидер Хашем Сафиедин бил убиен во израелски воздушен напад во јужен Бејрут пред речиси три недели.
-
Свет 23.10.2024 20:27
Илир Мета останува во затворски притвор
Специјалниот суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата.
-
Свет 23.10.2024 19:41
Неутрализирани напаѓачите во Турција, се работи за жена и маж
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во денешниот терористички напад врз комплексот на турската воздухопловна индустрија во главниот град Анкара загинале четири лица, а 14 се ранети.
Тој потврди и дека се неутрализирани двајца терористи.










