Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормускиот теснец, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на неговите пристаништа од страна на САД.
-
Свет 18.04.2026 15:10
-
Свет 18.04.2026 13:30
Европа се соочува со сериозен ризик од недостиг на гориво за авиони
Европа се подготвува за можни нарушувања на авиосообраќајот ова лето поради недостиг на гориво за авиони. Европските авиокомпании предупредуваат дека доколку снабдувањето со гориво за авиони итно не се стабилизира ќе следува масовно откажување на летови и приземјување на авионите.
-
Свет 17.04.2026 20:10
Со експлозии и огномет на улиците на Бејрут, пречекан 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан
Со експлозии и огномет на улиците на Бејрут пречекан 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Спротивно на барањето на Хезболах, израелските трупи ќе останат во безбедносната зона од 10 километри на југ, жителите се предупредени да не се движат јужно од реката Литани.
-
Свет 17.04.2026 14:20
Турската полиција уапси над 150 луѓе по пукањето во училиштата, обвинети се за шират страв
Турската полиција уапси 162 лица под обвинение за објавување контроверзни содржини од двете пукотници во училишта што се случија во земјата неделава. За над илјада профили на социјалните мрежи се воведени ограничувања.
-
Свет 17.04.2026 12:34
Нови демонстрации во Венецуела поради ниските плати
Нови демонстрации во Венецуела. Граѓаните на Каракас упатија директна порака до претседателот на САД, да изврши притисок врз в.д претседателката, Делси Родригез за повисоки плати, пензии и организирање слободни избори.
-
Свет 17.04.2026 12:00
Израел и Либан постигнаа договор за 10-дневен прекин на огнот
Со експлозии и огномет на улиците на Бејрут пречекан 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан.
-
Свет 17.04.2026 10:47
Украина и Холандија ќе влезат во нова фаза на одбранбена соработка, објави Зеленски
Украинскиот претседател објави дека заедно со Холандија ќе влезат во нова фаза на одбранбена соработка. Киев и Амстердам потпишаа специјален договор за безбедносно партнерство ќе вклучува договор за беспилотни летала.
-
Свет 17.04.2026 10:03
Нов руски напад врз Одеса во текот на ноќта
Во текот на ноќта, Русија изврши уште еден напад врз Одеса, оштетувајќи го пристаништето. Романија објави дека дрон влегол во нејзиниот воздушен простор за време на руски напад. Москва ги продолжува континуираниот воен притисок врз Киев.
-
Свет 17.04.2026 08:49
Стапи во сила 10-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан
Со експлозии и огномет на улиците на Бејрут стапи во сила 10-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Нетанјаху вели дека договорот претставува историска можност за мир. Израелските трупи ќе останат во безбедносната зона во јужен Либан – што е спротивно на барањето на Хезболах.
-
Свет 16.04.2026 19:53
Дипломатска офанзива за ставање крај на тензиите на Блискиот исток
Белата куќа негира дека САД побарале продолжување на двонеделното примирје со Иран – кое истекува на 22 Април. Од администрацијата на Трамп велат дека дискусиите околу можна втора рунда мировни преговори се продуктивни.










