• Свет 01.07.2024 09:27

    Беснеат пожари во близина на Атина

    Големи шумски пожари беснеат во близина на Атина. На жителите од најмалку осум области во близина на главниот град на Грција им е наредено да се евакуираат.

    Над 230 пожарникари, авиони и хеликоптери се обидуваат да се справат со пламените јазици.

  • Свет 01.07.2024 09:22

    Експлозија во Турција, најмалку петмина загинати

    Најмалку петмина загинати, а десетици се повредени во експлозија на плин во ресторан во западна Турција.

    Според локалните власти, приведено е едно лице кое во саботата го заменило резервоарот за пропан.

  • Свет 01.07.2024 09:17

    Масовни протести во Ерусалим

    Нови протести во Ерусалим. Полицијата се судри со демонстрантите кои се противат на одлуката на Врховниот суд да почнат да се пријавуваат за воена служба.

  • Свет 01.07.2024 09:11

    Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

    Марк Руте во своето последно јавно обраќање од функцијата шеф на холандската влада пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

  • Свет 01.07.2024 09:01

    Унгарија од денеска претседава со ЕУ

    „Да ја направиме Европа повторно голема“, со ова мото, Унгарија го презема претседавањето со ЕУ.

  • Свет 01.07.2024 08:58

    Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од изборите во Франција

    Екстремно десничарската партија Национален собир води во првиот круг од парламентарните избори во Франција. Според анкетите на четири агенции, партијата на Ле Пен ужива околу 34 насто поддршка од гласачите. Таа повика на апсолутно мнозинство во вториот круг од изборите.

  • Свет 30.06.2024 18:26

    Активни два големи пожари во регионот на Атина

    Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, попладнево се активни два големи пожари во кои интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да се евакуираат, јави дописничката на МИА

  • Свет 30.06.2024 17:16

    Дачиќ: Синагогата во Белград можна мета на нападот

    Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави, дека синагогата во Белград била можна прва мета на Жујовиќ, дека и денес продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт и да е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор.

  • Свет 30.06.2024 16:50

    Неколку лица исчезнаа во свечилиште поради обилните дождови во Швајцарија

    Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата. Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата.

  • Свет 30.06.2024 15:19

    Прв круг парламентарни избори во Франција

    Само 21 ден по изненадувачкото распуштање на Собранието од страна на претседателот Емануел Макром, вечерта на 9 јуни, и по молскавична кампања што следеше, Французите оваа недела се повикани на гласање за првиот круг од предвремените парламентарни избори.

Pages