• Свет 26.08.2024 09:12

    Силен земјотрес во БиХ

    Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Прибеље, во Босна и Херцеговина, извести Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

    Земјотресот бил почувствуван неколку минути пред полноќ.

  • Свет 26.08.2024 09:12

    Растат тензиите на Блискиот Исток

    Растат стравувањата од зголемување на тензиите на Блискиот Исток, откако Израел и Хезболах извршија меѓусебни гранатирања. Од Белата куќа велат дека САД и сојузниците работат на спречување на ескалација на регионален конфликт.

  • Свет 25.08.2024 20:00

    Уапсен Павел Дуров, основачот на Телеграм

    39-годишниот милијардер и сопственик на апликацијата Телеграм, Павел Дуров е уапсен во Франција по налог за сторени прекршоци. Според налогот за апсење, Дуров како извршен директор не го спречил користењето на Телеграм за криминални цели. Павел Дуров е роден во Русија и живее во Дубаи.

  • Свет 25.08.2024 14:19

    Голем напад на Хезболах врз северен Израел

    Нова ескалација на Блискиот Исток. Хезболах лансираше над 320 ракети и беспилотни летала врз северен Израел и Голанската Висорамнина како одмазда за атентатот на нивниот командант во Бејрут минатиот месец.

  • Свет 25.08.2024 12:22

    Гори на Блискиот Исток, властите во Тел Авив прогласија вонредна состојба

    Нова ескалација на Блискиот Исток. Хезболах лансираше над 320 ракети и беспилотни летала врз северен Израел и Голанската Висорамнина како одмазда за атентатот на нивниот командант во Бејрут минатиот месец.

  • Свет 25.08.2024 11:34

    Продолжува руско-украинскиот конфликт

    Продолжуваат нападите и на руска и на украинска територија. Двете страни регистрираат цивилни жртви во регион Белгород и во Харков. Москва објави дека руската Авијација извршила напади врз вооружените сили на Украина во 15 населени места во регионот Суми.

  • Свет 25.08.2024 10:24

    Израел изврши интензивни воздушни напади во јужен Либан

    Израел изврши серија интензивни воздушни напади во јужен Либан во, како што велат од Армијата, превентивен напад против Хезболах. Десетици авиони на воздухопловни сили нападнале цели на милитантната група.

  • Свет 25.08.2024 09:10

    26-годишен Сириец уапсен за нападот со нож во Солинген

    Осомничениот за нападот со нож во западниот германски град Солинген, во кој загинаа три лица, а осум беа повредени, е 26-годишен Сириец и го признал делото, соопштија властите.

  • Свет 24.08.2024 18:28

    Најавени нови разговори за прекин на огнот во Газа

    Израелската армија ги продолжува операциите низ Газа. Акции се спроведуваат и против Хезболах, откако од Либан кон територијата на Израел беа истрелани 100 ракети.

  • Свет 24.08.2024 17:50

    Жртви и повредени во напад со нож во Солинген

    Крвав напад за време на фестивал во градот Солинген, Западна Германија. Вооружен маж со нож, уби и рани посетители. Од повредените неколкумина се во критична состојба. По сослушувањето на сведоците, власта почна со апсења.

Pages