Тропската бура „Ернесто“ го зафати североисточниот дел на Карибите носејќи го првиот бран обилни врнежи дожд и силен ветер во Порторико. Се очекува на својата патека на движење кон Бермудите да се засили и да прерасне во ураган.
-
Свет 14.08.2024 09:18
-
Свет 14.08.2024 09:16
Нема активни пожари кај Атина, но постои ризик од нови
Нема веќе активни пожари кај Атина, властите велат дека постои висок ризик од нови. Службите остануваат во состојба на висока готовност.
-
Свет 14.08.2024 08:42
Кишида нема да се кандидира за уште еден мандат
Јапонскиот премиер Фумио Кишида, со изненадувачки потег објави дека нема да се кандидира на претстојното гласање за лидерство на партијата во септември, отворајќи го патот за Јапонија да има нов премиер.
-
Свет 14.08.2024 08:41
Се прават напори за мировни преговори во Блискиот Исток
Ракети на Хезболах го преплавија северен Израел. Сирени огласени и на југот. Тел Авив тврди нема повредени. Во Газа нови напади и цивилни жртви. Советот за безбедност на ОН на средба за алармантните случувања во регионот.
-
Свет 14.08.2024 08:31
Москва наспроти Киев за напредокот во Курск
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините воени единици ги спречиле украинските трупи да продрат подлабоко во близина на Курските области, наспроти тврдењата на Киев дека под контрола држат 74 населени места.
-
Свет 13.08.2024 21:01
ЕУ ќе исплати 4,2 милијарди евра помош на Украина
Европската Унија денеска ќе исплати речиси 4,2 милијарди евра помош на Украина, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
На социјалната мрежа „Икс“, таа посочи дека ова е дел од пакетот помош за Украина, кој изнесува 50 милијарди евра.
-
Свет 13.08.2024 14:17
Шумски пожар јужно од Рим
Пожарникарите се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна во понеделникот во град јужно од Рим. На видеото објавено од страна на Националната противпожарна бригада се гледаат силен пламен и големи облаци од чад како се издигнуваат на ридот.
-
Свет 13.08.2024 11:38
Еден загинат во пожарите што беснеат во Грција, голем број земји испраќаат помош
Едно лице загина, најмалку 15 се повредени во пожарите што беснеат во Грција. Голем број земји испраќаат помош. Гори на повеќе фронтови. Зафатени над сто илјади хектари. Огнената стихија во северните предградија на Атина немилосрдно уништуваше се пред себе.
-
Свет 13.08.2024 10:00
Опасност од напади со балистичко оружје во Украина
Во Украина прогласена опасност од напади со балистичко оружје додека Русите продолжија жестоко да удираат низ целата територија со беспилотни летала и ракети. Киев возвраќа. И двете страни објавуваат извештаи за пресретнати непријателски дронови.
-
Свет 13.08.2024 09:55
Ескалира состојбата на Блискиот Исток
Драматична состојбата на Блискиот Исток. Стравувањата од ескалација во регионот дополнително подгреани од објавата на дел од американските медиуми во кои се тврди дека Иран може да го нападне Израел во наредните 24 часа. Пентагон распореди подморница со наведувани ракети.










