Израелскиот министер за одбрана Галант предупреди дека во случај на ескалација, Израел ќе се бори со сите расположливи средства против милитантите на Хезболах.
-
Свет 09.08.2024 09:04
-
Свет 08.08.2024 17:46
Евакуација на руските државјани во пограничната област на руско-украинската граница кон Курск
По Запорожје во Украина, опасноста демнее врз уште една нуклеарна централа во регионот, овојпат на руска територија. Откако Киев секавично ја нападна областа на Курск, 60 километри источно од украинската граница, руските безбедносни сили ја зголемија заштитата на нуклеарката.
-
Свет 08.08.2024 13:16
Терористички закани за Тејлор Свифт во Виена
Уапсен 19-годишник, чии родители биле со потекло од Македонија, посочен како главен осомничен за подготовките за нападите на концертите на Tејлор Свифт во Виена. Според австриските власти, тој се радикализирал преку интернет и ветил верност на исламска држава. -
Свет 08.08.2024 12:36
Продолжува тензијата на Блискиот Исток
Израелската војска го стега обрачот околу Хамас. Ликвидиран уште еден висок функционер на милитантна група. Тел Авив тврди-режирал напади на Западниот брег. Можеме да извршиме напади каде било на Блискиот Исток-велат од генералштабот.
-
Свет 08.08.2024 12:25
Втор посилен земјотрес од 7,1 степен по Рихтер ја погоди јужна Јапонија
По земјотресот со јачина од 6,9 степени, уште еден земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт.
-
Свет 08.08.2024 11:26
Бајден не е уверен во мирна транзиција на власта доколку Трамп ги загуби изборите
Американскиот претседател Џо Бајден го даде своето прво интервју по официјалното повлекување од претседателската трка, изјавувајќи дека не е уверен во мирна транзиција на власта, доколку републиканецот Доналд Трамп ги загуби претседателските избори на 5-ти ноември.
-
Свет 08.08.2024 11:22
Мирни протести на илјадници демонстранти против расизмот во Велика Британија
Контрадемонстрантите излегоа на улиците низ Велика Британија по еднонеделното насилство и нереди низ градовите, поттикнати од дезинформациите за нападот во Саутпорт.
-
Свет 08.08.2024 11:18
Продолжуваат украинските напади на руска територија
Украина одговори на новите руски бомбардирања соборувајќи две од четирите ракети и сите лансирани дронови, продолжувајќи со напади на руска територија. Најмалку 16 лица се повредени во гранатирање на Белгородската област.
-
Свет 08.08.2024 10:36
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Јапонија
Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Мијазаки. Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами.
Засега нема информации за жртви или штети.
-
Свет 08.08.2024 10:09
Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена поради можен терористички напад, уапсен 19-годишник со потекло од Македонија
Трите концерти на американската кантавторка Тејлор Свифт закажани во Виена се откажани откако австриската полиција објави дека уапсила екстремист, осомничен дека планирал напад врз нив.










